Елитен маринец станува чесна сестра

Сестра Јадвига Шчехович е дел од монашката заедница на сестрите Албертинки, чија харизма е да им се помага на сиромашните и на оние кои имаат најголема потреба, а до неодамна учествувала во воените операции на американските елитни единици и ги чувала зградите на американските амбасади во Европа и Азија.

Сестра Јадвига Шчехович, од Полска која има 28 години, пораснала во САД, откако нејзиното семејство емигрирало за време на комунизмот. По завршувањето на средното училиште одлучила да влезе во Американските воени сили и тоа во маринците, во поморската пешадија за која карактеристична е интензивната воена обука и кои се ангажирани на тешките воени мисии. Во војската влезе, како што денес вели, зашто сакала „да ја доживее авантурата на животот“.

По завршувањето на обуката, две години служела во Јапонија, а потоа била ангажирана да ги обезбедува американските амбасади во Русија, Луксембург и Боцвана. Токму во Боцвана почнала да го чувствува немирот во себе и желбата за промена.

„Не сакав да живеам како што сум живеела до тогаш“, изјави Јадвига.

Разбрала дека почнува да го чувствува Божјиот повик. Заврши во монашката заедница на сестрите Албертинки, која е основана кон крајот на 19 век во Краков од страна на свети Адам Алберт Чмиеловски, кој бил посветен да им помага на сиромашните.

Животот на сестра Јадвига така стана големо сведоштво – за Бог кој нѐ повикува и на најнеочекуваните места во нашите животи.

Лаудато/З.А.

Категорија: Сведоштва, Свет

За авторот