Едноставноста е карактеристика на Божјото делување

Бог секогаш му е близок на човекот, на неговите секојдневни потреби, тоа е триесетгодишно искуство на Марија во Назарет „без врева“ и без „истакнувања“ – рече о. Ермес Рончи кој на последното размислување на духовните вежби зборуваше за Навестувањето.

Сцената на „посебниот“ настан – посетата на ангелот на Марија во Назарет – се одвива во многу едноставен контекст затоа што едноставноста е Божја карактеристика. На последното размислување о. Рончи ги водеше Папата и членовите на Римската курија низ евангелскиот извештај за Навестувањето, без сведоци далеку од гламурот и храмските воодушевувања. Првото навестување на евангелската милост се случил во едноставноста на скромната куќа односно во местото каде што секој се чувствува она што е. Бог токму таму те душка и допира – рече водачот на духовните вежби додавајќи:

Света Тереза Авилска во „Книгата на темелите“ напишала на своите монахињи: Сестри сетете се дека Бог оди во кујната. Како? Создателот на вселената се движи во манастирската кујна. Бог во кујната значи да го носиш Бог во блискиот простор (…) Ако не го чувствуваш Бог во наједноставните работи тогаш сè уште не го познаваш Бог на животот – истакна о. Рончи.

Во Марија гледаме како би го поврзале најдраматичниот јаз на својата вера: „Бог на религијата“ кој се „раздели од Бог во животот“. Жената од Назарет како домаќинка пред нас става голем предизвик: премин од духовноста која се заснова на логиката на изворедното во мистиката на секојдневието. Во секојдневието преовладува чувството на радост, а првите зборови на Навестувањето се: „Радувај се Маријо! Божјото приближување „го донесува ветувањето на среќата“ – рече Ермес додавајќи:

Марија нè потсетува дека верата е радосна доверба. Марија е како пророкување на среќа за нашиот живот, како благослов за утешителна надеж кои слегуваат на нашите животни неволји, на поднесената осаменост, на отфрлената нежноста, на насилството кое ни се заканува но кое нема да победи затоа што убавината е посилна од змејот на насилството вели Книгата Откровение. Ангелот гарантира дека радоста е во верувањето, дека верата е пријатна – кажа о. Рончи.

Марија верува во љубовта. Во Евангелието читаме како ангелот е испратен кај девицата, ветената свршеница на човекот кој се вика Јосиф. Според Лука ангелот и навестува на Марија, а според Матеј на Јосиф. Споредувајќи ги двата извештаја гледаме дека навестувањето е насочено на парот: свршеникот и свршеницата, заедно праведникот и девицата. Бог делува во нашите односи зборува во семејствата, во нашите домови, во нашите радости и таги. Тој не го краде просторот на семејството, не нѐ уништува, не ранува, туку го бара мнозинското „да“, бидејчи спојува две срца, соништа и многу трпелива работа – истакна водачот на духовните вежби.

Како ќе биде тоа? – прашува Марија. Збунетоста и преиспитувањето ја означуваат човечката состојба пред Бог: таинството го прифаќам, но истовремено посегнувам по својот ум. Ги истражувам патиштата, но на крајот ги прифаќам оние кои ме надминуваат. Никаде не е кажано дека цврстата вера е подобра, главно да е вистинска (…) во својата маленкост да има потреба од Бог.

Голема надеж ми влева сѐ почестото преиспитување на Божјиот народ, тоа што не се задоволува со однапред подготвени одговори… луѓето сакат да сфатат, да продлабочуваат, сакаат да ја познаваат верата. Кога молчењето пред свештеникот сведочела поголема вера? Никогаш. Осврнувајќи се пак на мајчинството на Марија рече дека без телото на Марија Евангелието го губи телото. Сите христијани се повикани да бидат мајки Божји, затоа што Бог секогаш треба да доаѓа на свет – заврши о Ермес Рончи.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот