Пред една година, точно на 1 јануари 2017 година започна со работа Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој, кој папата Фрањо го основа со „Мото проприо“ „Humanam progressionem“.
Таа дикастерија обедини четири Папски совети: за правда и мир, Cor unum, за душогрижништво на мигрантите и патниците, за душогрижништво на здравствените работници.
Продолживме да организираме разни собири за нуклеарно разоружување, за нееднаквоста во пристапот до медицинската грижа, за синдикалното прашање, за претприемништвото, и за други теми – рече во разговор за Радио Ватикан Фламинија Џованели, потсекретарка на дикастеријата. Следната година повторно ќе се занимаваме со водата, затоа што ќе биде одржан нов светски форум за водата, а потоа и за климатските промени и за Амазонија, како и синода за Амазонија.
Минатата година Светиот Престол учествуваше на меѓународната изложба за енергија во Астани – додаде Џованели и рече: Беше многу интересно затоа што можевме да го истакнеме духовниот дел; можевме да зборуваме за создаденото. Освен тоа во павилјонот на Светиот Пресол постоеше простор наменет за молитва – истана Фламинија Џованели.
РВ/к.мк