Папата: Христијанската вера е конкретна

Папата: Христијанската вера е конкретна

Нашата вера и работите кои се однесуваат на нашата вера се конретни, како што е конкретно овоплотувањето на Словото Божјо кое не стана идеа, туку Тело – месо – е скратената содржината од проповедта на папата Фрањо на 24 април 2017 година во капелата на домот Света Марта, во Ватикан.

Конкретноста упатува и на стварноста и на реалноста и така на нашата вера и дава веродостојност.

Ние понекогаш забораваме дека нашата вера е конкретна – Словото стана Тело, не стана идеа, туку тело. И кога го рецитираме Символот на верата, говориме за конкретни работи: „Верувам во единиот Бог Отец, Творец на небото и на земјата; верувам во Исус Христос Кој е роден, Кој умрел…“ – сите тие се конкретни работи – рече Светиот Отец и продолжи: Нашето верување не вели: верувам дека треба да го направам ова или она; или дека работите се такви или онакви за овие или оние – Не! Станува збор за конкретни работи – повтори папата Фрањо и додаде: Конкретност на верата која води кон слобода, кон сведоштво – сѐ до мачеништво; која се противи на компромиси или идеализација на верата – истакна Папата.

За учителите на законот, Словото не станало Тело, туку закон; и така мора да се направи тоа и така; до овде и не понатаму – рече Папа и продолжи: И така се затворени во рационалиситички менталитет, кој не завршил со нив затоа што во историјата на Црквата се појавуваат многу патишта… И самата Црквата – која го осудила рационализмот и просветителството, после тоа многу пати запаѓала во теологијата на она: „може се – не се може; она до овде – до таму; и заборавила на силата и слободата на Духот, она раѓање од Духот кое дава слобода – слобода за проповедање и навестување дека Исус Христос е Господ – рече папата Фрањо.

Ветарот дува каде што сака и му го слушаш звукот, но не знаеш од каде доаѓа, ниту каде оди. Така е со секој кој е роден од Духот – ги повтори Папата зборовите од денешниот евангелски дел: „Ветрот дува каде што сака и гласот негов го слушаш, но не знаеш од каде иде и на каде оди; така е со секој човек роден од Дух“ – рече светиот Отец.

Нека Господ на сите ни го даде овој воскресен Дух, да одиме по улиците со Духот без компромиси, без вкочанетост, во слобда за навестување на Исус Христос онаков каков што и дојде – во тело – рече меѓу останатото папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот