На Велики Четврток Папата повторно ќе служи во затворот Казал дел Мармо

На Велики Четврток Папата повторно ќе служи во затворот Казал дел Мармо

Папата Фрањо на Велики Четврток ќе ја служи светата Миса – Господова вечера со затворениците во затворот за малолетници, во предградието на Рим, каде што ја служеше таа Велигденска богослужба петнаесет дена откако беше избран за Папа. Светиот Отец секогаш избираше симболични места на страдање во затворите, бегалските центри, институциите за згрижување на болни.

Папата Фрањо по десет години повторно се враќа на местото каде што ја служеше неговата прва светата Миса – Господовата вечера во неговиот понтификат, па така на 6 април ќе биде во малолетничкиот затвор Казал дел Мармо во Рим. Ова го соопшти директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни во сабота 1 април 2023 година, само неколку часа откако Светиот Отец беше отпуштен од болницата Гемели. Светата Литургија ќе се слави со ограничен број присутни и нема да биде отворена за јавноста. Предвиден е пренос во живо преку Интернет.

Обреди на Светата седмица

Веднаш штом ја напушти болницата, откако беше хоспитализиран поради инфективен бронхитис, Папата продолжи со својата работа и агендата на Страсната седмица, а преку својот портпарол извести дека тој ќе ги предводи велигденските обреди. Распоредот останува непроменет – потврди Бруни, додавајќи дека Светиот Отец ќе претседава со славењата и на Велигден со еден кардинал кој ќе служи со него на олтарот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот