Од 23 април до 21 мај 2017 година со почеток во 16.00 часот на плоштадот Гоце Делчев – Струмица (пред домот на културата „Антон Панов“ – Струмица) ќе се одржува евангелизација на Неокатекуменскиот пат од Струмица, харизма на Црквата која е раширена во целиот свет, а во Струмица ја има во катедралната парохија „Успение на Пресвета Богородица“.
На средбите кои се одржуваат на плоштадот во Струмица ќе се дадат одговори на повеќе прашања: Кој е Бог за тебе? Веруваш ли во Бог? Кој си ти? Која е смислата на твојот живот? Што е Црквата? Кое е твоето искуство со Црвата?