Духовна обнова за верниците од Гевгелија

 Гевгелија, 22.4.2013 /к.мк/ – Во недела 21 април во парохијата Свети Петар и Павле – Гевгелија се одржаа духовни вежби за верниците од парохијата, кои се во склоп на парохиската програма за Година на верата. Духовните вежби започнаа во 10.00 часот со обожавање на Пресветата Причест и размислување кое го водеше о. Димитар Ташев, парох во Гевгелија. Во размислувањето тој говореше за Божјата љубов, Божјата волја, љубовта кон ближниот, преданоста кон Бог, како и носењето на крстот. За време на размислувањето, о. Тома Ангелов, декан и парох во Богданци исповедуваше. Светата Литургија започна во 11.00 часот, на која о. Спасо Рисотв, парох во Нова Маала говореше за нашата вера кон Бог.

По завршувањето на духовните вежби учесниците се задржаа на кратко дружење и заедништво.

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<