Другиот е чистилиште!

Славниот Сартре, автор на романот Тегобност, се родил во семејство во кое неговите дедо и баба никогаш не разговарале. Кога неговиот дедо се оженил, тој сфатил дека таткото на неговата жена го излажал. Тој мислеше дека се жени со богата свршеница, но таа беше многу сиромашна. Toа толку многу го разбесни што од првиот ден не прозборе ниту еден збор со неа. Тие имаа три деца, а меѓу нив беше и таткото на Сартре. Можеби не ни е тешко да ја замислиме атмосферата која владеела во куќата? Кога сакаше нешто да каже, дедото оставаше пораки. Тоа се случуваше многу ретко.

Подоцна Сартре ја кажа она познатата: Другиот е пекол. Сите можеме да го разбереме. Можеби ние ова реченица би ја кажале малку поразлично: Другиот е чистилиште! Во чистилиштето е атмосфера на радост и болка. Радоста поради постигнато и болката поради непостигнато.

Сигурно е дека малиот Сартре не можеше да ја разбере причината на нивната мачна тишина. Причина беше материјалното. Очигледно е дека неговиот дедо ја сакаше својата свршеница, и подоцна сопругата. Не се разведеа. Со неа имаше деца. Она што не му даваше да зборува беше измамата за богатството. Можеби срцето му беше толку многу врзано за материјалното, што се смрзнуваше кога чувствува губиток?

Материјата е молчелива. Болна. Замисли го ова сценарио: Дедото на Сартре оди во црква (тој беше атеист) и ги слуша зборовите на Христос: Не можете да служите на Бога и на богатството. Кој сака да го спаси животот свој, ќе го загуби. Не грижете се за утрешниот ден. Погледајте ги гавраните! Тие ниту сеат, ниту жнеат! И немаат скривници, ниту житници и Бог ги храни. И тој си кажа во своето срце: Амин! Така е! Тоа е вистината! Или да ја кажа со вера молитвата на Оче наш: Лебот наш насушен дај ни го денес. Прости ни ги долговите наши како што ги проштаваме и ние на нашите должници. Верувам дека по тие зборови би се насмеал. Тој би простил на својот дедо и би и кажал на својата жена: Ти си моето богатството. Повеќе ми значи еден твој поглед и еден твој збор отколку сето богатство на овој свет. Господ те поради на мене. И разговорот би започнал.

Подоцна би живееле во чистилиштето. Понекогаш би биле во рајот,а понекогаш во пеколот, но најмногу во чистилиштето. Би ги воспитувале своите деца и внуци и би живееле со надеж за рајот. Можеби тогаш книжевникот Сартре би кажал: Другиот е чистилиште!

Да застанеме сега малку за чувствата на неговата баба. Можеби нејзиниот сопруг ја доживуваше како пекол? Можеби? Но тој на неа сигурно ѝ беше пекол! Да кажеме отворено: Кој за другиот мисли дека е пекол, тој на другиот му станува вистинки пекол. Сартре во една од своите драми го опишува пеколот како неможност за комуникацијата. Неможност да се пристапи на другиот. Затвореност кон другите. О, каква болка! Каков ужас! Каков очај! Тогаш другиот е објект. А кој другиот го смета за објект, станува пеколниот демон кој го мачи својот ближен. Во пеколот демоните ќе го мачат него.

Христе слези над нашиот пекол и избави нѐ. Ти кој нѐ познаваш подобро отколку ние самите себеси, погледни дали одиме по погубниот пат и насочи нѐ на патот кој води во вечниот живот!

Свештеник

 

За авторот