Во Паљурци епископот Стојанов молеше Молебен до Пресвета Богорoдица

Во Паљурци епископот Стојанов молеше Молебен до Пресвета Богорoдица

Во недела 26 септември 2021 година во црквата „Пресвета Богородица – Утишителка“ во Паљурци Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов служеше Молебен до Пресвета Богородица. На молебенот сослужуваа о. Зоран И. Стојанов, о. Тома Ангелов и о. Гоце Костов, а присуствуваа сестрите Евхаристинки од Гевгелија, како и верници од Богданци, Гевгелија, Радово и Струмица.

Во својата проповед епископот Стојанов зборуваше за Евангелието предвидено за молебенот, при што истакна: Како што Марија заминала во ридскиот крај, така и ние искачени на овој рид, молиме од Пресвета Богородица за милости, потребни на секој од нас и на целиот македонски народ“. Исто така епископот Стојанов се осврна и на почетоците на ова светилиште, како и на важноста на Паљурци за македонскиот народ.

После Молебенот присутните останаа во заедништво и дружење.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот