Децата од Свети Иван Крстител – Струмица добија Благодарница за поддршка и соработка со лицата со посебни потреби
Децата од веронаучната група „Свети Иван Крстител“ – Струмица на 3 декември 2016 година во Дом на АРМ во Струмица учествуваа на приредбата по повод одбележување на 3. декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Настанот беше организиран од Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Струмица.
Во знак на благодарност од страна од Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Струмица на парохијата Свети Иван Крстител – Струмица ѝ е доделена Благодарница од Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Струмица за поддршка и соработка со лицата со посебни потреби.
На одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби присуствуваа претставници од локалните власти, здруженија, училишта, невладини организации, како и претставници од Дневниот центар – Гевгелија, а во домот на АРМ беше организирана хуманитарна изложба.
Имено, децата од парохијата Свети Иван Крстител на неколку пати во текот на 2015 година се дружеа со децата од центарот „Порака“ – Струмица, а во парохиската сала организираа и дружење со нив и во таа прилика настапи Трајче Георгиев.
к.мк