(Видео) Месечна молитвена накана на епископот Стојанов за април 2024: Плурализмот и различноста се богатство за сите нас

(Видео) Месечна молитвена накана на епископот Стојанов за април 2024: Плурализмот и различноста се богатство за сите нас

Во месечната молитвена накана за месец април 2024 година Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов повикува на молитва за престојните избори.

Бог намерно нè создаде различни, но истовремено нѐ повикува да работиме заедно и еден со друг да се надополнуваме, а не да се исклучуваме. Како што телото, иако едно, има многу делови, но сите негови делови формираат едно тело, така е и со Христос (сп. 1. Коринтјаните 12,12).

Многу е лесно во нашето општество да се направат поделби на многу разни основи. Ја слушаме реториката, „наши и ваши“, „ние и вие“.

Демократијата значи почитување на мислењето, културата и традициите на другите, па така и во самите семејства може да постојат различни политички мислења и припадност на различни политички партии, но тоа никогаш не смее да води до кавги и недоразбирања.

Да бидеме свесни и покрај политичките поделби или било какви други дека сепак можеме да работиме заедно и да градиме иднина на нашата земја, а плурализмот и различноста треба да биде богатство за сите нас.

Со длабока доверба во Божјото човекољубие ве повикувам да се придружите во молитвата за Господ Бог да ни испрати совесни, чесни, политички одговорни и духовно просветлени политичари кои ќе ја водат нашата Татковина.

Да молиме од Господ да ни го испрати Светиот Дух за да можеме одговорно да пристапиме на претстојните избори и секој според својата совест да го даде својот глас за оној кој смета дека најмногу ќе може да придонесе за единство, мир и благосостојба на нашата Татковина, Македонија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот