Во организација на о. Горге Појразов парох во црквата Свети Кирил и Методиј во Петралинци, во недела на 14 октомври 2018 година, на празникот Покров на Пресвета Богородица, децата од парохијата се упатија на поклоничко патување до Гевгелија и Паљурци.
Во Гевгелија тие го посетија центарот „Света Мајка Тереза“ и црквата “Свети Петар и Павле“.Со активностите на центарот ги запозна о. Димитар Ташев, а во капелата посветена на Светото Семејство измолија една десетка од светата Бројаница и молитва до свети Јосиф. Поклониците ја посетија и црквата Свети Петар и Павле во Гевгелија каде заедно со сестрите Евхаристинки се задржаа во молитва, исто така имаа можност да ја посетат и градинката на сестрите.
Децата од парохијата Свети Кирил и Методиј од Петралинци, заедно со парохот о. Горге Појразов, своето поклоничко патување го завршија со посетата на Паљурци, од каде упатија молитва до Пресвета Богородица Утешителка.
Поклоничко патување беше исполнето со молитва, црковни песни и дружење..
к.мк