Дете со Даунов синдром преживеа абортус и се бори за живот

Дете со Даунов синдром преживеа абортус во болница во Вроцлав – Полска, поради што лекарите се одлучија да го реанимираат и да го стават во инкубатор, каде што сега се бори за живот, пренесуваат полските медиуми.

Сето тоа се случувало во специјалистичка болница во полскиот град Вроцлав, а мајката била во 23-24 недела од бременоста. Настанот се случил кон крајот на месец јануари, но информацијата до медиумите доаѓа овие денови. Во Полска, абортусот е забранет, освен во три случаи: опасност по животот на мајката, дефорамација на детето откриена со пренетална дијагноза и во случај на силување. За жал абортусот во случаи со пренатална дијагностика за дете со Доунов синдром во Полска сѐ уште е легален и тоа сѐ до моментот додека детето не може да живее самостојно надвор од утробата на мајката.

Детето е тешко повеќе од 700 грама, а медиумите тврдат дека лекарите токму поради тоа го реанимирале, бидејќи постои медицински правило доколку детето преживее абортус и тежи повеќе од 500 грама мора да биде реанимирано. Каја Годек, полска активистка за живот која минатата година неуспешно се обиде да поттикне во парламентот законски предлог со кој државата би го забранила абортусот поради некоја болест на детето, смета дека причините за реанимација на детето сепак се други.

„Тоа, што детето се роди живо при абортус кои се врши толку касно, често се случува. Тие деца не се ставаат во инкубатор. Во Вроцлав мора да се случила некоја посебна ситуација, која ги натерала лекарите да го анимираат детето. Можеби мајката го видела живо детето и тогаш побарала од лекарите да го реанимираат“, рече Годек, која и самата е мајка на дете со Даунов синдром.

Годек истакна дека детето, ако преживее, освен со Дауновиот синдром ќе мора да се бори и со компликациите поврзани со прераното раѓање.

„Политичарите во полскиот парламент да гласаа за измените во законот, како што предлагавме, сето ова немаше да се случува. Тоа дете би се родило на девет месеци и би поминало без рехабилитација низ која поминуваат сите деца со Даунов синдром. Сега ќе мора да живее и со други здравствени компликации. Оние парламентарни претставници кои минатата година го отфрлија нашиот предлог мора да знаат дека и тие носат дел од одговорноста за тоа“ рече Годек.

Инаку веќе подолго време во Полска трае дебатата за можна промена на законот за абортус, т.н. „компромисен“ закон како што го нарекуваат во таа земја, кој е донесен во 1994 година. Органзиациите кои се во заштита на животот се обидуваа неколку пати да иницираат промени со кои би се забранил аборусот во случаи на болест на детето со пренетална дијагноза.

Битнонет/го*ко

Категорија: Сведоштва

За авторот