Ден за молитва и пост

Ден за молитва и пост

Во петок 11 декември 2020 година Радио Марија повикува на пост и молитва. Молитвената иницијатива е со благослов на епископот монс. д-р Киро Стојанов, кој ќе ја предводи Светата Бројаница во петок 11 декември во 19.45 часот.

Во објавата на интернет страницата на Радио Марија стои: Драги слушатели, Радио Марија Ве повикува во петок 11 декември 2020 година да се приклучите на иницијативата „Ден за молитва и пост“ за престанок на пандемијата КОВИД – 19.

Во тешките моменти во историјата Црквата и верниците пристапувале на пост и молитва. Па така и ние драги слушатели во петок 11 декември 2020 година ќе упатиме молитви до Господ Исус Христос и Пресвета Богородица, посветувајќи ги за запирање на пандемијата со КОВИД – 19.

Покрај вашата лична молитва Ве повикуваме да се приклучите на следниве наши молитвени програми:

15.00 часот – Бројаница на Божјото милосрдие

17.30 часот – Света Бројаница

18.00 часот – Света Литургија

19.45 часот – Света Бројаница со епископот монс. д-р Киро Стојанов

Господ Бог нека ги услиши нашите молитви.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот