Девојче ги повика политичарите да ѝ одговорат кој родител не ѝ е потребен – мајка или татко
Во само неколку едноставни, меѓутоа остроумни реченици, 11-годишното девојче од Минесота изнесе непобитна вистина: на децата им се потребни и таткото и мајката, бидејќи тие меѓусебно се различни, бидејќи со нив се идентифицираат и потребни им се како пример.
Поставила сосема едноставно прашање: „Кој од двата родители не ми е потребен? Мојата мајка или мојот татко“? Секако, не добила никаков одговор.
Грејс Еванс (11 години) неодамна пред комисијата на собранието на Минесота, која расправала за Граѓанскиот закон, зборувала против озаконувањето на истополовиот брак, известува порталот Каризма њуз (CharismaNews)
Грејс застанала два пати и го повторила истото прашање пред да го заврши своето сведочење со зборовите: „Се надевам дека ќе увидите дека на секое дете му е потребна мајка и татко. Ве молам да не го менувате нашиот закон и бракот како би рекле дека вистината е поинаква“.
Потполно рамнодушни од кажаното, комисијата на собранието го изгласа законот за истополовите бракови и го испрати назад до собранието.
Таткото на малата Грејс, Џеф Еванс, изјавил дека против неговата ќерка се пишувани навредливи коментари на разни социјални мрежи и портали. „Физички никој не ни се закануваше, меѓутоа имавме прилично некои живописни коментари за мојата 11-годишна ќерка. Ја следам целата ситуација за да биде моето семејство сигурно и тоа го сфативме како предупредување. Навистина е срамота какви работи луѓето може да искажат на интернет, сокривајќи се зад псевдоними.
Поборниците за истополовиот брак преварантски тврдат дека легализацијата на истополовите бракови нема да влијае на верските слободи или слободата на говорот“, рече за CNSNews.com. „Јас не им верувам. Овие напади на Грејс се пример дека многу од тие слободи веќе сме ги изгубиле. Всушност толку е лошо што не се ни плашат на одвратен начин да нападнат 11-годишно девојче. Замислете каква ќе биде ситуацијата доколку ги легализираат истополовите бракови во Минесота“.
Како 11-годишната Грејс од Минесота го бранеше традиционалниот брак пред одборот на собранието на Минесота и правото на детето на татко и мајка погледнете во оваа кратко видео.
Извор. Лаудато/Превод:С.С.