Две нови Твитер пораки на Папата
Ватикан, 11.4.2013 /к.мк/ – На крајот од Генералната аудиенција, Папата Фрањо испрати две нови пораки преку социјалната мрежа Твитер, кои гласат:
„Да се биде христијанин не се сведува само на тоа да ги почитуваме заповедите, туку да се дозволи Христос да господари и да го преобрази нашиот живот.“
Втората порака на Твитер гласи: „Синови и ќерки во Бог, ако живееме како деца Божји и чувствуваме, колку многу нè љуби, тогаш нашиот живот ќе биде нов, исполнет со мир и полнина на радоста.
Твитер профилот на папата Фрањо (@ pontifex) е на девет јазици, а бројот на пријатели надминува 5 милиони и 300 илјади.
Категорија:
Ватикан