Да се откријат нови начини за прикажување на мудроста, вистината и убавината на Евангелие

Папата Фрањо го испрати својот благослов до учесниците на Светскиот конгрес СИГНИС, невладина организација, односно католичко здружение за комуникација, кое има членови во 140 земји од светот, а како што се истакнува на интернет страницата на римскиот огранок на тоа здружение, го сочинуваат вработени во радио станици, телевизија, филм, како и воспитување за медиуми, интернет и нови технологии. Собирот се одржува во Рим од 25 февруари до 1 март, а тема е „Медиумите за култура на мир: обликување на сликата со новите генерации“.

Во пораката која е потпишана од државниот секретар, кардинал Пјетро Паролин, Папата изразува задоволство поради тоа што оваа средба предлага размислување за комуникациската моќ, слика која преку масовните медиуми искажува и обликува искуства, надежи и сомнежи на новите генерации.

Во глобализиран свет, во кој постојано се формираат нови култури, со своите нови начини на изразување и симболи и во кои се појавува нова општа имагинација, католичките комуникатори треба секогаш да се соочуваат со предизвикот да се откријат нови начини за прикажување на мудроста, вистината и убавината на Евангелие и тоа со изразување кое е способно да допре до срцата и умовите на безброј лица кои ја бараат смислата и насоката за својот живот, како поединци и како членови на општеството – напомна во пораката Папата.

РВ/го*ко

Фото: Лаудато

Категорија: Ватикан

За авторот