Да се избереме милосрдието – тоа Му е најдраго на Бог

На Генералната аудиенција на 9 декември Светиот Отец објасни заради што Јубилеј на милосрдието; зошто тој е толку важен за Црквата како заедница на верници, но и за секој верник.

Вчера овде во базиликата Свети Петар ја отворив Светата врата на Јубилејот на милосрдието по отварањето на онаа во катедралата во Банги во Африка. Денес би сакал заедно со вас да размислувам за смислата на ова Света година одговарајќи на прашањето: зошто Јубилеј на милосрдието?

На Црквата и треба овој посебен момент. Во нашето време на длабоки промени Црквата е повикана да го даде својот придонес држејќи ги видливи знаците на Божјото присуство и близина. Јубилејот е соодветно време за сите нас, бидејќи набљудувајќи го Божјото милосрдие кое ги надминува сите човечки ограничувања и блеска над темнината на гревот, можеме да станеме посигурни и поефикасни сведоци.

Воздигнувајќи го својот поглед кон Бог милосрдниот Отец и кон браќата на кои им е потребно милосрдието значи да се фокусираш на вниманието на централната содржина на Евангелието: Исус Христос, Милосрдието стана Тело, за нашите очи го прави видливо големото таинство на Љубовта на Троиствениот Бог. Да се слави Јубилејот на милосрдието значи повторно во центарот на својот личен живот, како и во животот на нашите заедници, да е она што е посебно и својствено за христијанската вера – Исус Христос милосрдниот Бог.

Во Света година да се живее милосрдието. Да драги браќа и сестри, Светата година ни е дарувана во својот живот да го искусиме слаткиот и нежен допир на Божјото простување, неговото присуство и близина – посебно во времето на најголема потреба.

Овој јубилеј за Црквата е привилигирано време за да научиме да го избираме само „само она што му е најдраго на Бог“. А што е тоа на „Бог најдраго“? Да им прости на своите деца; да им се смилува  жтака и тие да можат во своето време да можат да им простат на браќата блескајќи во светот како факели на Божјото милосрдие.

Тоа е она што на Бог му е најдраго. Свети Амврозиј во теолошките списи за Адам ја зема историјата на создавањето на светот и вели дека Бог секој ден откако нешто создал – месечината, сонцето или животните – вели: И виде Бог дека е добро. Но кога го создал човекот – маж и жена – Библијата вели: „И виде Бог дека е многу добро“. Зошто вели „многу добро? Бидејќи бил многу задоволен создавајќи маж и жена. Убаво е тоа! Божјата радост е да простува; нека таа радост сите нè исполни!

Драги браќа и сестри, Јубилејот ќе биде „соодветно време“ за Црквата ако сме научиле да го избираме „она што Бог повеќе го сака“, без подлегнување на искушението да се мисли дека постои нешто уште поважно како приоритет. Ништо не е поважно од она да се избере она „што Бог најмногу го сака“ – што значи: неговата милост, љубовта, нежноста и неговата прегратка и милување!

Кога само за момент би заборавиле дека милосрдието е „она што Бог најмногу го сака“ сите наши напори би биле залудни, бидејќи би станале робови на своите институции и структури, колку би можело да се обнови, но засекогаш би останале робови.

„Да се почувствува во себе голема радост заради тоа што Исус како Добар пастир – нас нè бара бидејќи сме се загубиле – нè пронашол“ (Хомилија на I Вечерна за Божјото милосрдие во неделата на 11 април 2015 година): е целта која Црквата ја постави во оваа Света година. Со тоа во себе ќе ја зацврстиме сигурноста дека милоста навистина може да придонесе за градење на похуман свет. Посебно во нашето време во кое – на подрачјето на човечкиот живот – прошката е редок гост, повикот за милосрдие станува итен – и тоа насекаде: во општеството, во институциите, на работа, па и во семејството.

Секако некој би можел да приговори: „Но, Оче зарем Црквата во ова година (на милосрдието) не би требало да направи и нешто повеќе? Вистинското е да се контемплира за Божјото милосрдие, но постојат и многу поитни потреби.“ Меѓутоа треба да се земе во предвид дека во коренот на заборавањето на милосрдието секогаш е самољубието. Во светот тоа поприма облик на исклучиво барање на сопствените интереси, задоволства и често здружени со желбата за богатење додека (тоа самољубие) во животот на христијанинот често се сокрива под лицемерието и световноста. Сите тие работи се спротивни на милосрдието. Пробудуваат самољубие кое го прави во светот милосрдието непознато и толку се бројни што често не сме во состојба да ги препознаеме како ограничувања и како грев. Ете заради што е потребно да се сфати дека сме грешници за да ја зацврстиме во себе сигурноста на Божјото милосрдие. „Господи грешник сум; грешница: дојди со своето милосрдие.“ Тоа е прекрасна молитва; и лесна! Молитва која е лесно да се изговори секој ден: „Господи грешник сум; грешница: дојди со своето милосрдие.“

Драги браќа и сестри сакам во оваа Света година на милосрдието секој од нас да го постигне искуството на Божјото милосрдие за да бидеме сведоци на она „што Нему Му е најдраго“. Дали е наивно да се верува дека тоа би можело да го промени светот? Да, човечки гледано е глупаво, но „она што е безумно за Бога помудро е од луѓето, и она што е за Бога неможно, посилно е од луѓето“ (1 Кор 1, 25). Благодарам.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот