Да не ги заборавиме старите свештеници и чесни сестри

Во проповедта на светата Литургија на 18 октомври во капелата на домот Света Марта, коментирајќи ги литургиските читања Светиот Отец говореше за почетокот и свршетокот на апостолскиот живот. Осврнувајќи се на Евангелието рече дека учениците биле „млади“ и „силни“ дури и ѓаволите бегале пред нивните проповеди.

Првото читање ни говори за свети Павле и за крајот на неговиот живот – рече папата Фрањо. Апостолот е радосен и воодушевен, бидејќи во него бил Бог, зар не? Но, сепак не бил поштеден од попуштање на силата. Размислувајќи за крајот на Павле, на ум ми доаѓаат три ликови: Мојсеј, Иван Крстител и самиот Павле. Мојсеј бил на чело на Божјиот народ. Храбар, се борел против непријателите но и со Бог за да го спаси својот народ: бил силен! На крајот е сам, на гората Нево, ја гледал ветената земја, но во неа не можел да влезе…

Од вознемиреност во последните години не бил поштеден ниту Иван Крстител – потсети Светиот Отец. Тој дури мораше да се соочи со „мачно двоумење“ и „дојде под власт на неодлучен, расипан и пијан управител, под власта на зависта од прељубницата и дрската танчерка.

И апостол Павле во првото читање ни говори за оние кои го напуштиле, за оние кои му нанеле зло, пркосејќи на неговото проповедување. Проповеда како на судот да останал сам. Сите го напуштиле. Но – како – вели – Господ остана со мене, Тој го крепи за да може потполно да го навестува Евангелието. Во тоа е големината на апостолите, во својот живот да го спроведат она за што зборува Иван Крстител: „Тој мора да расте, а јас да се намалувам“.

Апостолот го дава животот за да може Господ да „расте“. И на крајот така завршува… И на Петар исто така му е ветено: „Кога ќе остариш ќе те водам таму каде што не сакаш да одиш“. А кога размислуваме за крајот на апостолството, во срцето помислувам на светилиштата на апостолат и светост, на домовите за стари свештеници и чесни сестри: добри свештеници, добри чесни сестри оптеретени од осаменоста чекаат Господ да чукне на вратата на нивните срца. Во Црквата тие куќи се вистински светилишта на апостолат и светост. Да не ги забораваме – поттикна Светиот Отец.

Ако размислиме малку подобро, тие светилишта се прекрасни места – рече Папата, додавајќи дека често слуша како се зборува за поклоненија во Богородично светилиште, свети Фрањо, свети Бенедикт, за многу поклонички места, па се прашувам: „Сакаме ли како христијани да ги посетиме светилиштата на апостолат, домовите за стари свештеници и чесни сестри? Тоа ќе биде вистинско поклонение.

Некој пред неколку дена ми рече дека пред заминувањето во мисија ќе ги посети гробиштата и ќе ги разгледа сите гробови на заборавените мисионери, свештеници и чесни сестри, кои веќе педесет, стотитина, двеста години лежат во тие гробови, прашувајќи: Може ли сите тие да се прогласат за свети, или на крајот вреди само секојдневната светост, светоста на сегашното време? Во домовите за стари, чесни сестри и свештеници како свети Павле, малку се тажни, но спокојни и со весели лица го чекаат Господ – рече Папата.

Завршувајќи ја проповедта, Папата рече дека на сите би ни користело размислување за периодот од животот кое го одбележува апостолскиот крај исто така и молитвата до Господ: Чувај ги сите кои ги живеат последните моменти, за да можат уште еднаш да кажат: Да, Господи, сакам да те следам – заврши папата Фрањо.

Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот