Да имаме силна вера, а не слаба која го меша воскресението со реинкарнација

Божјото Слово нè повикува оваа недела да живееме со сигурност во воскресението.

Веруваме ли дека Исус може да нè излекува и оживее? – тоа е централното прашање од денешниот извадок од евангелието, во кој Исус ја оздравува жената која боледувала од крвотечение и ја оживува ќерката на Јаир – заклучи Папата на 28 јуни 2015 година пред молитвата Ангел Господов. Како што забележа, целото евангелие е напишано во светло на таа вера: Исус воскресна и ја победи смртта па и ние ќе воскреснеме. Таа вера, која за првите христијани била сигурна, меѓутоа може да ослаби и да стане несигурна, до таа мера што некои го мешаат воскресението со реинкарнацијата – напомена Светиот Отец. Според неговите зборови, верата значи да се допре Исус и да се прими од Него милост која нè спасува.

Како што напомена папата Фрањо, во оживувањето на девојчето се гледа Исусовата апсолутна моќ над смртта, а во излекувањето на жената која страдала од крвотечение, во барањето на нејзиното лице сред мноштвото и зборовите „Ќерко, твојата вера те спаси“, се наоѓа гласот на Небесниот Отец, Кој говори „Ќерко не си проклета, не си исклучена, мое дете си“. Секогаш кога се приближуваме на Исус со вера, и ние ги слушаме тие зборови: „Ти си мое дете. Излекуван си. На сите им опростувам. Сите ги лекувам“.

Божјото Слово нè повикува оваа недела да живееме со сигурност во воскресението. Секој кој очајува или е уморен на смрт, може да оживее ако се довери на Исус и Неговата љубов. Верата е животна сила, ја дополнува нашата човечност. Тие кои веруваат во Христос треба да бидат препознатливи така што го промовираат животот во секоја ситуација, како сите, а особено најслабите, би ја искусиле Божјата љубов која ослободува и спасува.

После молитвата на Ангел Господов, Светиот Отец ги поздрави учесниците на движењето „Една земја, едно човечко семејство“ и ја поттикна соработката на лицата и здруженијата од различни религии во промовирањето на целокупната екологија. Посака успешна работа на земјите кои во ова време се соочуваат со проблемот на грижата за „заедничкиот дом“. На крајот на својот шпански мајчин јазик, ја поздрави групата од Боливија во пресрет на претстојната посета на Латинска Америка, препорачувајќи се во молитвата.

РВ/С.С.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот