Грешници сме, но не и расипници

Кој не се покајува и се претвора дека е христијанин или христијанка, нанесува големо зло на Црквата – рече Светиот Отец, на проповед во понеделник 11 ноември во домот Света Марта. Сите треба да кажеме дека сме грешници, но исто така треба да внимаваме да не станеме „расипани“. Оној кој е добротвор на Црквата, пљачкосувајќи ја државата, е „неправеден“и води двоен живот – рече понатаму Папата.

Исус не се изморува да ни простува и нѐ советува и ние истото да го правиме! Кога Исус бара да простиме седум пати дневно, „тргни од себе самиот“. Исус простува, но во тој дел стои: Но тешко на оној преку кого доаѓаат (соблазата)…“. Не говори за грев – објаснува папата Фрањо – туку за соблазата, што е нешто друго. „за него би било подобро да му обесат воденички камен на вратот и да го фрлат в море, отколку да соблазни еден од овие помалите. (Лука 17,2). Па, добро тогаш, која е разликата помеѓу гревот и соблазната? – праша Папата и на истото прашање веднаш одговри:

Разликата е во тоа што оној кој греши и се кае; се чувствува слаб; се чувствува син Божји, се кае и го бара Исусовото спасение. Со што, од друга страна, оној кој е пример на соблаза, соблазува? Па со тоа што не се кае; продолжува да греши; но се преправа дека е христијанин: води двоен живот, со што на Црквата и нанесува голема, голема штета – рече Светиот Отец и продолжи:

„Но јас сум добротвор на Црквата! Ја протегам раката во џебот и давам за Црквата“. Но, со другата рака ја ограбува државата; одзема од сиромашните… краде. Неправеден е и води двоен живот.

Таквиот заслужува – тоа се Исусови зборови, не се мои зборови – да му се обеси воденички камен околу вратот и да се фрли в море. Исус овде повеќе не спомнува простување. Тоа е така затоа што тој човек мами, а каде има измама нема Божји Дух. Тоа е разликата помеѓу грешник и оној преку кој доаѓа соблазата. Кој води двоен живот е распипан – рече Папата. Напротив, оној кој греши, а тоа не го сака, но е слаб; и кој оди кај Господ и бара простување, е оној кој Господ му сака добро и кој го следи и со него е.

Сите треба да си признаеме дека сме грешници; дека сите сме такви; но не сме расипани. Расипникот се наоѓа во некоја состојба на самозадоволност; не познава понизност. Исус ги укорувал ваквите расипници велејќи им дека се варосани гробови, кои однадвор изгледат убаво, а внатре се полни си коски и нечистотија. И христијанин кој со тоа се фали дека е христијанин, а не води христијански живот, еден е од таквите расипници. Сите познаваме по некој во таква состојба и колку на Црквата и нанесуваат зло.. Расипани христјани, расипани свештеници… Колку ли зло и нанесуваат на Црквата, не живеејќи во духот на Евангелието, туку според световниот дух! Свети Павле во своето Послание јасно порачува на Римјаните: „ Не споредувајте се со овој свет. Световноста не насочува кон двоен живот“ – нагласи папата – животот на расипник е лакиран со расипаност. На нив Исус не им рекол грешници, туку лицемери. Скоро е убаво да бидеш грешник – рече папата –не ли е? „И ако седумпати на ден згреши против тебе и седумпати на ден дојде и ти рече: „Се кајам“ – прости му!“

Така Тој се однесува кон грешниците; не се изморува да простува, секако со услов дека не сакаме да водиме двоен живот; да му се упатаме покаени: Прости ми Господи, грешник сум“ – Ма, знам! Само оди напред; оди напред. Ете каков е Господ. Да молиме денес од Светиот Дух милост за да избегнеме од секоја замка; милост за да не препознае како грешници – бидејќи тоа сме; а пак расипани не – рече на крајот на проповедта Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот