Година на семејство во Апостолскиот егзархат во Македонија

Во понеделник 9 декември во просториите на парохијата Успение на Пресвета Богородица – Струмица се одржа состанок на свештениците од Апостолскиот егзархат во Македонија, кој го предводеше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија.

Во првиот дел од средбата се говореше за Година на верата и спроведените активности во парохиите во текот на таа година.

Во продолжение на состанокот Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов ја истакна важноста на семејството за пренесување на верата во контекст на новата евангелизација, поради што во Скопска бискупија и Апостолскиот егзархат во Македонија ќе биде прогласена Година на семејството. На 8 јануари 2014 година на вториот ден од празникот Рождество Христово и празникот Собор на Пресвета Богородица (Свето Семејство) со света Литургија во Радово официјално ќе започне Година на семејството во Апостолскиот егзрхат во Македонија.

На состанокот беше презентирана и програмата за Година на семејството, како насоките за спроведување на истата. Свештениците дадоа свои предлози и идеи, за активности кои можат да се спроведат во текот на Годината на семејство.

Средбата заврши со идеи и предлози за понатамошна пасторална соработка и заедништво помеѓу парохиите.

го*ко

Категорија: Македонија

За авторот