Духовна обнова за свештеници

Духовна обнова за свештеници

Во четврток 27  декемри 2018 година во просториите на парохијата „Успение на Пресвета Богордица – Нова Маала се одржа духовна обнова за свештениците од Струмичко – скопската епархија. На средбата присустуваше и Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов.

Предавањето го одржа протереј – ставрофор о. Марјан Ристов, кој зборуваше на тема: „Верата во свештеничкиот живот“.

Духовната обнова продолжи со света Исповед и света Литургија, која ја предводеше епископот Стојанов, а заврши со заедништво во парохиската сала.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот