Генерална аудиенција: Марија е жена на молитва и пример за нашата молитва

Генерална аудиенција: Марија е жена на молитва и пример за нашата молитва

На Генералната аудиенција во среда 18 ноември 2020 година која се одржа во Библиотеката на Апостолската палата, а поради беше пренесувана во живо преку Интернет. Папата Фрањо ја продолжи серијата катехези за молитвата, при што зборуваше за Дева Марија, на нејзиниот начин со кој се обраќа на Бог со смирено срце: „Господи што Ти сакаш, кога Ти сакаш и како Ти сакаш“. Катехезата на Папата ја пренесуваме во целост.

Драги браќа и сестри

На нашиот пат на катехези за молитвата денес се сретнуваме со Девица Марија, како жена молителка. Мајката Божја молела. Кога во светот уште е непозната, кога е едноставна девојка, свршеница за човек од куќата Давидова, Марија моли. Можеме да си ја замислиме таа девојка од Назарет собрана во молитва, во постојан дијалог со Бог, кој наскоро ќе ѝ го довери нејзиното послание. Таа е веќе благодатна и безгрешна од зачнувањето, но не знае ништо за својот изненадувачки и посебен повик во бурно море, по кое ќе треба да заплови. Едно е сигурно. Марија припаѓа на големата војска понизни срца кои официјалните историчари не ја вбројуваат во своите книги, но токму со нив Бог го подготви доаѓањето н а својот Син.

Марија не управува самостојно со својот живот; чека на нејзиниот пат Бог да ги земе уздите во свои раце и да ја води каде што Тој ќе сака. Таа е подучлива и со својата подготвеност создава предуслови за големи настани кој го вклучуваат Бог во светот. Во Катехизмот се потсетува на нејзината постојана и грижлива присутност во добронамерниот наум на Отецот и за време на Исусовиот живот (ККЦ, 2617-2618).

Марија е во молитва кога архангелот Гаврил доаѓа за да ѝ го донесе навестувањето во Назарет. Нејзиното „Еве ме“ – е толку многу малку, а сепак така големо – со кое го натера целото создание да потскокнува од радост, во историјата на спасението претходеле многу други ‘еве ме’, со голема послушност, со доверба, со голема подготвеност за Божјата волја. Нема подобар начин за молитва од тој како Марија да се ставиме во став на отвореност, срце отворено за Бога: „Господи што Ти сакаш, кога Ти сакаш и како Ти сакаш“. Односно отворено срце за Божјата волја. А Бог секогаш одговара. Колку верници имаат таква молитва! Оние кои се најпонизни во срцето молат така со егзистенцијална понизност, да кажеме така, со едноставна понизност: „Господи што Ти сакаш, кога Ти сакаш и како Ти сакаш“. И тие се молат така, не лутејќи се што деновите се полни со проблеми, туку одат во пресретна реалноста и знаејќи дека со понизна љубов, со љубов прикажана во секоја ситуација, стануваме орудија на Божјата милост. Господи што Ти сакаш, кога Ти сакаш и како Ти сакаш. Тоа е така едноставна молитва, но во неа го ставаме својот живот во рацете Господови: Тој да нѐ води. Сите можеме да молиме така, па скоро и без зборови.

Молитвата може да го скроти немирот: но ние сме само толку многу немирни, секогаш сакаме работи пред и да ги посакаме и ги сакаме веднаш. Тој немир ни прави зло, а молитвата знае да го скроти немирот, знае да го претвори во подготвеност. Кога сум немирен, молам и молитвата ми го отвора срцето и ме прави подготвен за Божјата волја. Девица Марија, во тие неколку моменти при Навестувањето, знаела да го избегне стравот, и покрај тоа што претчувствувала дека нејзиното ‘да’ ќе донесе многу тешки искушенија. Ако во молитвата сфаќаме дека секој ден е подарен од Бог е повик, тогаш ги рашируваме срцето и сѐ прифаќаме. Да се научиме да кажеме: „Она што ти го сакаш Господи. Вети ми само дека ќе бидеш присутен на секој чекор од мојот пат“. Тоа е важно: барај ја од Господ неговата присутност на секој чекор од нашиот пат: да не нѐ остави сами, на не нѐ напушта во искушенијата, да не нѐ напушта во тешките моменти. Крајот на молитвата оче наш гласи: да ја бараме од Господ милоста која ме научи да ја барам.

Марија со молитва го следи целиот Исусов живот, сѐ до смртта и воскресението; и на крајот продолжува да ги следи првите чекори на Црквата, која само што се раѓа (сп. Дела 1,14). Марија моли со учениците кои поминаа низ соблазата на крстот. Моли со Петар кој подлегна на стравот и плачел поради грижа на совеста. Марија е таму, со учениците, меѓу мажи и жени кои нејзиниот Син ги повика да ја формира неговата заедница. Марија не е свештеник меѓу нив, тоа не. Исусовата Мајка е таа која заедно со нив моли, во заедницата, како онаа која припаѓа на заедницата. Моли со нив и моли за нив. И повторно, нејзината молитва претходи на иднината која само што не се случила: преку Светиот Дух станала Мајка Божја и преку Светиот Дух станува Мајка на Црквата. Молејќи заедно со Црквата која се раѓа, станува Мајка на Црквата, ги прати учениците на првите чекори на Црквата во молитва, очекувајќи го Светиот Дух. Во тишина, секогаш во тишина. Молитвата на Марија е тивка. Во Евангелието ни се пренесува само една молитва на Марија: во Кана, кога го моли својот Син за оние сиромашни луѓе, кои само што не се посрамотиме на свадбата. Па да го замислиме тоа: да се прави свадба и да заврши со млеко затоа што повеќе нема вино! Каков срам! А таа? Моли и бара од Синот да го реши тој проблем. Присутноста на Марија само по себе е молитва, а нејзината присутност меѓу учениците на Последната вечера, очекувајќи го Светиот Дух, е во молитва. Така Марија ја раѓа Црквата, таа е Мајка на Црквата. Во Катехизмот се објаснува: „„Во верата на неговата понизна слугинка, дарот Божји – т.е. Светиот Дух – наидува на дочек што го очекуваше од почетокот на времето“ (ККЦ, 2617).

Во Девица Марија, природната женска интуиција е воздигната со нејзиното единствено соединување со Бог преку молитвата. Затоа, читајќи го Евангелието, забележуваме дека таа понекогаш како да исчезнува, а потоа повторно да се појави во клучните моменти: Марија е отворена за Божјиот глас кој го води нејзиното срце, ги води нејзините чекори таму каде што постои потреба за нејзината присутност. Тивка присутност на мајка и ученичка. Марија е присутна затоа што е Мајка, но е присутна исто така затоа што е прва ученичка, онаа која сѐ најдобро научила од Исус. Марија никогаш не вели: „Дојдете, јас ќе го решам проблемот“, туку вели: Сѐ што ќе ви рече, направете!, секогаш покажува со прстот кон Исус. Тоа е став типичен за учениците, а таа прва ученичка: моли како Мајка и моли како учителка.

А Марија ги пазеше сите тие зборови, слагајќи ги во срцето свое (Лука 2,19). Така евангелистот Лука ја прикажува Господовата Мајка во Евангелието за детството. Сѐ она што се случува околу неа го наоѓа својот одраз во длабочината на нејзиното срце: денови полни со радост како и моменти на најголема темнина, кога и таа се мачи да ги разбере патиштата преку кои ќе дојде откупението. Сѐ завршува во нејзиното срце, затоа што помина низ топилникот на молитвата и во неа било преобразено. Било тоа да се даровите на Мудреците или бегството во Египет, па сѐ до оној страшен петок на страдањето; сето тоа Мајката го чува и носи во својот дијалог со Бог. Некој го спореди срцето на Марија со бисер со неизмерен сјај, кој е обликуван и сјајот му е зголемен со трпеливото прифаќање на Божјата волја преку Исусовите таинства размислувани во молитвата. Колку би било убаво кога и ние би можеле барем малку да бидеме слични на нашата Мајка! Со своето срце отворени за Божјите зборови, тивко срце, послушно срце, срце кое знае да го прими Божјото слово и му дава да расте како семе за доброто на Црквата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот