Генерална аудиенција: Видливата христијанска љубов го очитува Христовиот милосрден поглед

Во катехезата на Генералната аудиенција на 29 октомври на плоштадот Свети Петар папата Фрањо продолжи да зборува за Црквата. Напоменувајќи дека досега зборуваше за духовната природа на Црквата, за невидливата Црква која е Телото Христово, рече дека денес сака да зборува за нејзината видлива реалност. Кога зборуваме за Црквите веднаш мислиме на своите заедници, парохии, бискупии и црковните згради во кои се собираме, како и на црковната управа. Затоа мораме да се прашаме: дали станува збор за две различни реалности или за една Црква? А ако е само една Црква, како треба да го сфатиме односот помеѓу видливата и духовната реалност – праша Светиот Отец.

Кога зборуваме за видливата Црква не треба да мислиме само на папата, епископите, свештениците и сите посветени луѓе, туку на сите крстени верници. Сите кои веруваат во Исус Христос и се покоруваат на Божјата волја се Црква. Сфаќаме дека ниту видливата реалност не е во целост мерлива со човечка мерка. Не е можно да го мериш доброто кое Црквата го прави. Видливата стварност на Црквата го надминува нашиот надзор, нашата сила; таинствена е бидејќи поттекнува од Бог – рече Светиот Отец.

Зборувајќи пак за односот помеѓу видливата и духовната реалност, рече дека тој однос може да се сфати гледајќи го Христа, чие тело е Црквата. Силата на таинството на овоплотувањето во Христос се двете природи: човечката и божествената. Тоа важи и за Црквата. Како што во Христос човечката природа служи на божествената, така се случува и во Црквата. Црквата е таинство во кое она што не се гледа е поважно од видливото, а тоа може да се спознае единствено со очите н верата (сп. LG 8) – рече Папата.

Кога пак се зборува за Црквата мораме да се прашаме како видливата реалност може да служи на она духовната? И тоа можеме да го сфатиме гледајќи го Христа – рече папата Фрањо додавајќи дека Христос е модел на Црква, бидејќи Црквата е Неговото Тело. Во Евангелието по Лука пишува како Исус во Назаретската синагога на себе го примени прочитаниот дел од пророкот Исаија. Него Отецот го испрати за да ја навести Радосната вест (Лк 4, 18-19). Како што на Христос му служеше човечкото тело за да ја навести Радосната вест, да го оставри Божјиот спасителски план, исто така на Црквата и служи видливата реалност за да може преку неа секој човек да го почувствува Исусовиот милосен и милосрден поглед – објасни Светиот Отец.

Завршувајќи ја катехезата, Папата рече дека често ја искусуваме својата слабост и своите граници. Сите сме грешници. Тие се слабостите и границите на нашите гревови заради кои се соблазнуваат нашите ближни. Да молиме од Бог милост да не бидеме повод за соблазна. Да го молиме за дарот на верата, за да сфатиме како Бог и покрај нашата маленкост и беда нè направи оружје на милости и видлив знак на неговата љубов за целото човештво. Поради нас луѓето можат да се соблазнат, но со својот живот ние можеме исто така и да сведочиме за Христа – заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот