Второ генерално собрание на Епископската Синода

На второто генерално собрание на Епископската Синода на 5 октомври, се расправаше за темите од првиот дел од работниот документ Instrumentum laboris.

При тоа беше нагласена важноста на црковната наука за светата тајна женидба како и способноста на Црквата да ги забележи позитивните елементи на модерното општество. Истакнат е повикот на евангелизација која ги соединува благоста и прифаќањето, со цел, пронаоѓање на нови начини на следење на семејството, посебно под современите предизвици на релативизмот и индивидуализмот.

Уште еднаш е истакната потребата од помош за брачните парови во созревањето на верата, исто така и по пат на катехези кои ја објаснуваат смислата на брачните вредности и им помагаат во нивното одржување. Поради тоа брачните парови треба да бидат пратени посебно по женидбата, додека на младите треба да им се помогне да ја откријата убавината и длабоката врска меѓу љубовта и бракот.

Понатаму е истакнато дека сведоштвото на мисионерските семејства за Црквата е непроценливо, но истакната е и потребата за подобра формација, за семејствата во мисиите бидат поверодостојни. На собранието станало збор и за семејниот пасторал и за тоа како тој да се засили, да стане потемелен и траен, со цел да стане вистински пасторал на животот. Со оглед на семејствата кои се во потешкотии, кажано е дека Црквата е мајка и учителка која спасува, а не судија кој осудува; дека Црквата ги подржува сите личности, дури и ако имаат доживеано неуспеси, придружувајќи ги со трпение, милосрдие и над сѐ во вистината, бидејќи од исклучителна важност е да се има поглед упатен кон Бог.

На собранието станало збор и за сиромаштвото на семејствата, проблем со кој треба да се соочиме како заедница. Семејството е вистинска школа на солидарност и не може да се гледа на неа само како на економска единица, туку како оаза на христијанскиот живот, како домашна црква. Етиката на пазарот не смее да се замени со етиката на животот.

Синодалните отци посветија внимание и на драмата на мигрантите и бегалците, кои често се присилени да се разделат од своите семејство во кои пораснале и да отидат во земја во која не им се пружи соодветна пасторална грижа. Истакнати беа и семејствата кои не можат да имат деца. Нив Црквата треба да ги потсети на благородноста на духовното родителство, поттикнувајќи ги на посвојување.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк.
Категорија: Ватикан

За авторот