„Врати го татко ми“ – писмо на девојче до една марка виски
Лаура имала само осум години кога ја напaднал татко ѝ – алкохоличар после што и починала. Кратко пред нејзината смрт напишала писмо до една позната марка виски. Во писмото, кое за жал, стана еден вид духовен завет, го молела „Џек“ – веднаш е јасно зошто така го нарекла – „да си замине од нејзиниот дом и нејзиниот живот и да ѝ го врати татко ѝ кој некогаш го имала.“
Изморена од алкохолизмот, девојчето ги раскажала своите секојдневни видувања за семејното насилство, отсутноста на татко и некои други последици од алкохолизмот.
„Дарги Џек, немој да му кажеш на татко ми дека сум ти го испратила ова писмо, би можел да ми се налути“, го започнала Лаура својот текст.
„Мајка ми кажа дека не треба никого да мразиме. И покрај сé, јас не успевам да те мразам, само сакам да те замолам една услуга: „излези од нашиот живот.“
„Татко ми ја изгуби работата поради тебе. Моравме да ја продадеме куќата за да ги исплатиме сметките. Без работа имаше малку пари во куќата за да купиме храна. Мајка ми често трпеше глад за да би можеле да јадеме јас и мојата сестра.“
„Кога паднав од велосипедот, сакав татко ми да ме земе во неговите прегратки, но тој беше со тебе. Не му дозволи да дојде на мојот настап по танцување и тоа многу ме растажи.“
„Откако татко ми те запозна, не се враќа дома пред полноќ. Што правите толку доцна по ѓаволите?“ – прашува Лаура.
А потоа насилството: „Почна да прави зло на мајка ми, прво со зборови, а потоа со каишот. Кога тоа се случуваше, ние моравме да се криеме кај соседите. Малку – помалку како што растев, станав како вреќа за удирање. Веќе немаше играчки кои би можел да ги скрши. Не знам што си му кажал, за да се промени толку. Само знам дека мајка ми го сака татко ми за кого се омажила.“
„Те молам, оддалечи се од него и остави нé за да бидеме повторно среќни“, заврши девојчето. „Се надевам дека ќе разбереш. Лаура.“
Ова раскажување на Лаура е доволно потресна за да може да послужи како пример. Алкохолизмот е тешка зависност и да се бориш против него потребно е да побараш помош. Лаура имаше цел живот пред себе, но починала поради чудовиште која „и покрај сé“ не успеваше да го мрази. Нека нејзиното раскажување биде опомена.
*Видеото е направено од бразилското здружение Bandeiras Brancas за да предупреди врз основа на вистинска приказна на погубните последици од злоупотреба на алкохолот.
Битно нет/Б.Р.
Фотографија: Screenshot