Во Франција расте бројот на противниците на абортусот

Овогодишниот ‘Марш за живот’ во Париз, одржан минатата недела на 25 јануари, според информациите од коалицијата pro-life која го организираше овој настан, се собрале околу 45.000 луѓе – претежно млади. Бројот на учесниците од година на година расте.

На овогодишниот марш се придружи и кардиналот од Лион Филипе Барбарин, додека повеќе бискупи ја изразија својата поддршка на оваа јавна демонстрација за правото на животот, од зачетокот до природната смрт. Да се потсетиме, папата Фрањо исто така испрати порака на охрабрување и поддршка преку апостолскиот нунциј во Франција, надбискупот Луиџи Вентури, поттикнувајќи ги на изградување на културата на живот.

Медиумскиот интерес за такви настани се зголеми од демонстрациите во 2013 година, „Manif por tous (Демонстрација за сите)“, кога се демонстрираше за бракот како заедница меѓу маж и жена, каде учествуваа стотици илјади граѓани, шокирајќи ги претежно либералните медиуми во Франција, кои беа изненадени од неочекувана мобилизација. Тоа се случи додека јавно се расправаше за законот за истополовите бракови. Противење за абортус на ниво на закон во Францја скоро и не постои.

Еден од ретките пратеници во Францускиот долен парламент кој отворено проговори од потребата за пресврт на законот за абортус, Жак Бомпар, исто така учествуваше на овогодинашниот Марш за живот и зборуваше дека има потреба да се бориме против „варварствто“ на абортусот. Директорот на Европскиот центар за закон и правда, Грегор Пупник, истакна дека една од пет бремености во Франција завршува со абортус, додека на европско ниво, три од пет бремености се прекинуваат со абортус. Во Франција абортусот секогаш е претставен како право и целосно е финансиран од државниот буџет.

Сесил Едел, една од организаторите на Маршот за живот во Париз, изјави во говорот дека легализацијата на абортусот доведе до „етичка револуција без преседан“. “Пред 40 години во нашите закони влезе нешто ново: ништо помалку од една дозвола за убиство“, под изговор за заштита на „лажната слобода на жените“ – рече Едел и додаде: „Утре со евтназијата ќе имаме дозвола за убиство под изговор на лажното милосрдие“.

Посебно внимание се посветува на случајот со 38 – годишниот Винсент Ламберт, кој е парализиран и е во состојба на минимална свест по собраќајна несреќа пред шест години. Неговите лекари и неговата жена на судовите се борат да го добијат правото да го лишат од храна и вода со цел да го евтанизират. По неуспешниот обид во 2013 година, францускиот суд нареди дека мора да прима храна откако бил изложен на гладување 31 ден.

Мајката на Ламберт, Вивиен, која се бори за животот на својот син, исто така беше присутна на Маршот за живот. Организаторите во официјалната изјава побараа да се почитува животот, да се дава подобра палијативна нега на тешко болните лица, да се отфрли прекумерното давање седативи со цел да се предизвика смрт и јасно да се признае законот дека давањето храна и течности е „редовна нега“, а не медицински третман кој пациентот вештачки го одржува во живот – пренесува LifeSiteNews.

РВ/З.А.

Категорија: Свет

За авторот