Католичките универзитети се залагаат за етичко прифаќање на вештачката интелигенција

Католичките универзитети се залагаат за етичко прифаќање на вештачката интелигенција

Осум католички универзитети од целиот свет ја завршија дводневната конференција во Милано и развија петгодишна стратегија за едукација на младите за истражување за општественото влијание на вештачката интелигенција.

Меѓународната мрежа SACRU организираше дводневен научен колоквиум на Католичкиот универзитет „Пресвето Срце“ во италијанскиот град Милано.

Над 80 професори и истражувачи од осум католички универзитети од Чиле, Шпанија, Австралија, САД, Јапонија, Португалија, Бразил и Шпанија се сретнаа за да разговараат за предизвиците и можностите што ги нуди напредокот во вештачката интелигенција (ВИ).

Експертите кои присуствуваа на конференцијата насловена „Иднината на католичките универзитети во ерата на вештачката интелигенција“ потекнуваат од различни дисциплини на природните и хуманистичките науки.

Крај на поделбата на природните и хуманистичките науки

Во нивните различни дискусии на 13-14 јули, истражувачите донесоа заклучок дека вештачката интелигенција ќе доведе до мултидисциплинарно преклопување помеѓу природните и општествените науки.

Професор Марко Карло Пасароти, професор на Универзитетот „Пресвето Срце“, рече дека одвојувањето на хуманистичките и природните научни дисциплини најверојатно ќе биде минато поради примената на вештачката интелигенција.

„Хуманистите отсекогаш користеле податоци“, истакна професор Пасароти во соопштението за печатот на SACRU, „но тие никогаш немале толку голема количина податоци на дофат на рака и таков квалитет на масивна обработка“.

Напредокот на вештачката интелигенција, исто така, претставува нов предизвик за истражувачите, без да се закани да ја уништи нивната улога.

„Овој алгоритамски пробив“, рече тој, „ги става податоците и корелациите помеѓу податоците во нивни раце како никогаш досега. И тоа ја прави нивната работа репродуктивна“.

Етичко управување со развојот на вештачката интелигенција

Професорите на SACRU се согласија дека вештачката интелигенција може да им овозможи на луѓето да постигнат поголемо разбирање за светот и за себе, доколку се користи правилно и етички.

Универзитетите нудат средства за прифаќање на развојот на технологиите за вештачка интелигенција и нивно користење на начин, кој ги ставаат човечките битија во центар.

„Католичките универзитети имаат голема обврскат да информираат за влијанието на вештачката интелигенција“, рече професор Пасароти, „и е клучно да се препознае и искористи тоа влијание за да се насочи развојот на вештачката интелигенција кон пристап кој е подготвен да го почитува човечкото достоинство, за да избегне делегирање морална одговорност на машините“.

Мисијата на образованието во време на вештачка интелигенција

Како одговор на предизвиците кои ги поставува ВИ, мрежата SACRU создаде петгодишна стратегија за едукација на младите и поттикнување на соработка меѓу осумте католички универзитети.

Професор Пјер Сандро Кокончели, заменик-ректор на Универзитетот „Пресвето Срце“ и генерален секретар на SACRU, рече дека конференцијата се фокусира на тоа како да се прифати променливиот технолошки пејзаж во образовниот сектор.

„Осумте универзитети споделуваат заедничка мисија и визија: да ги едуцираат младите генерации и да поттикнат истражување кое ќе има вистинско влијание врз општеството“, рече тој.

Резултатите од конференцијата ќе бидат собрани и објавени во текот на годината, со цел на јавноста да и се претстават предлозите на универзитетите за тоа како да ги прилагодат нивните наставни и истражувачки мисии во време на вештачката интелигенција.

За SACRU

SACRU (Стратешка алијанса на католички истражувачки универзитети) е мрежа од осум католички универзитети на четири континенти – координирана од Католичкиот универзитет „Пресвето Срце“ во Милано – кои соработуваат заедно со цел да го промовираат глобалното образование за општо добро и интердисциплинарно истражување вдахновено од Католичката социјална наука.

Мрежата е основана во 2020 година. Ги вклучува Австралискиот католички универзитет (Австралија), Бостонскиот колеџ (САД), Папскиот католички универзитет Чиле (Чиле), Папскиот католички универзитет Рио де Жаниеро (Бразил), Универзитетот Софија (Јапонија), Португалскиот католички универзитет (Португалија) и Универзитетот Рамон Лул (Шпанија).

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот