Во Струмица се одржа Духовна обнова за свештениците од Апостолскиот егзрхат во Македонија

Свештениците од Апостолскиот егзархат во Македонија, заедно со Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија на 7 мај 2014 година се собраа во просториите на парохијата Свети Иван Крстител – Струмица на месечна духовна обнова. Духовната обнова ја предводеше о. д-р Зоран Стојанов, парох во Радово, кој после молењето на Шестиот час од часословот, одржа духовно размислување на тема: „Битта на светоста“.

Предавачот о. д-р Зоран Стојанов ја обработи темата во неколку точки: Милосна светост, Светоста и љубовта и Патот кон светоста. Размислувањето беше исцрпно, со длабока духовна димензија, кое остави простор за надоградба и лично размислување. При обработката на темата е користена литература од повеќе познати христијански автори, како и црковните документи Presbyterorum Ordinis (за свештеничките задачи) и Lumen gentium (Светло на народите, догматска конституција од Вториот Ватикански собор).

После предавањето и кратката пауза имаше можност за Света Исповед, а светата Литругија ја предводеше владиката монс. д-р Киро Стојанов. Духовната обнова заврши со дружење и заедништво во парохискиот дом.

го*ко

Категорија: Македонија

За авторот