Во Скопје прославен празникот света Сесилија

Во недела 22 ноември 2015 година во катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје со света Литургија катедралниот хор и бендот на млади „Агапе” ја прославија својата заштитничка света Сесилија.

Парохот дон Давор Топиќ во име на парохиската заедница го честиташе празникот и нивната заштитничка и се заблагодари на нивната ангажираност при литургиските славења.

После вечерната света Литургија хористите и членовите на бендот „Агапе“ своето дружење го продолжија во салата на Пасторалниот центар.

к.мк/с.Т.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот