На 28 март 2022 година во просториите на Едукативниот Центар на Македонски Каритас во с. Сарај (општина Босилово) се одржа работилница за родители на тема „Улогата на медиумите во семејното воспитување”. Работилницата беше реализирана од страна на отец Гоце Костов, директор на Радио Марија Македонија и г-ца Данче Ичева, координатор на Радио Марија Македонија.
Во денешно време наместо родителите медиумите го преземаат воспитувањето на децата. Преку оваа реченица о. Гоце Костов истакна колку е големо влијанието на медиумите, а како една од главните причини за тоа ја наведе дека е брзиот начин на живот.
Данче Ичева посочи дека треба да постои граница за користење на телефоните и дека родителите се тие кои треба да ја повлечат таа граница за доброто на нивните деца.
На средбата присуствуваа дел од родителите чии деца секојдневно го посетуваат Едукативниот Центар која заврши во пријатна атмосфера со заедничко дружење и запознавање.
к.мк