Во недела 24 ноември 2019 година во Радово Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов во заедништво со архиепископот Цирил Васил од Рим ќе служи архиерејска Литургија со почеток во 10.30 часот.
За време на Литургијата архиепископот Васил на епископот Стојанов ќе ги предаде моштите на свети апостол Јуда Тадеј и света Катерина Сиенска, кои ќе останат постојано во парохиската црква „Свети пророк Илија“ во Радово.
По завршувањето на светата Литургија верниците ќе имаат можност да се поколнат, да се помолат и да ги целиваат моштите.
Таг: Во Радово ќе пристигнат мошти на свети апостол Јуда Тадеј и света Катерина Сиенска
Клучни зборови: монс. Стојанов, монс. Цирил Васил, мошти, свети Јуда Тадеј, света Катерина Сиенска