Во последниот момент од животот да му се довериме на Бог

Да се довериме на Отецот во моментот кога заминуваме од овој свет – поттикна папата Фрањо на светата Литургија на 19 мај во капелата на домот Света Марта.

Да се довериме на Отецот во моментот кога заминуваме од овој свет – поттикна папата Фрањо на светата Литургија на 19 мај во капелата на домот Света Марта, размислувајќи за Исусовото збогување со учениците пред страдањето и за збогувањето на Павле во Милет пред заминувањето во Ерусалим. Светиот Отец ја спомна и жртвите од прогонствата, кои се присилени да ги напуштат своите домови како народот Рохингија во Мјанмар или христијаните и јазидите во Ирак.

Исусовото како и збогувањето на Павле ни помагаат да размислуваме и за нашите збогувања кои ги има многу во животот – како што рече – од мали до големи, а некои и во солзи. Да помислиме на кутрите Рогинги од Мјанмар, кои мора да ја напуштат својата земја за да побегнат од прогонствата и не знаат што ќе им се случи. Веќе со месеци се на море. Одат во еден град каде што им даваат вода, храна и им велат: Заминете си. Тоа е разделба – рече Папата потсетувајќи и на христијаните и на језидите, кои размислуваат повеќе да не се вратат во својата земја од каде што се исфрлени. И тоа се случува денес – нагласи Светиот Отец.

Освен големите збогувања – како збогувањето на мајката и синот кој заминува во војна за да ја брани татковината – постои и онаа конечното, кое сите нас не чека кога Господ ќе нè повика на другата страна. При таквите големи збогувања не се зборува „ќе се видиме“, туку „збогум“. Свети Павле на Бог му го доверува своето, а Исус на Отецот му ги доверува своите ученици. Доверете се на Бог – тоа е потеклото на зборот „збогум“ – рече Папата.

Имајќи го пред очите примерот на свети Павле како и Исусовото збогување можеме да размислуваме за нашето. „Кој ќе ги затвори моите очи“ – праша реторички Папата. И Исус и Павле прават одреден вид испит на совеста: „Го направив тоа, тоа и тоа… „Би било добро да размислиме себе во тој момент, бидејќи сигурно ќе дојде часот кога – како што рече – „до гледање“ ќе стане „збогум“. Дали сум подготвен да доверам сè она што е мое на Бог? Да му се доверам самиот себе? – поттикна на размислување папата Фрањо.

Затоа на крајот препорача да размислуваме за својот последен момент за да можеме на Бог да му ја довериме својата душа, својата историја и сè. Нека Исус Кој умре и воскресна ни го испрати Светиот Дух за да научиме во животот со својата душа да го кажеме последниот збор „збогум“ – заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот