Проекција за животот на Свети Петар на фасадата на ватиканската базилика

Проекција за животот на Свети Петар на фасадата на ватиканската базилика

Во Канцеларијата за печат на Светиот Престол во вторник, 20 септември 2022 година, беа претставени уметничките и верските настани на пасторалните активности на базиликата Свети Петар: првата фаза е проекција на фасадата на Ватиканската базилика од 2 октомври со видеото „Seguimi. La vita di Pietro” („Следи ме. Животот на Петар”).

Според зборовите генералниот викар за Ватикан, кардиналот Мауро Гамбети, целта на уметничките и религиозните маршути на базиликата Свети Петар треба да го покаже лицето на Мајката Црква која секого го прима и на секој знае да му упати веродостоен збор.

Во пресрет на Јубилејот 2025

„Какво е лицето на Црквата?“, праша кардиналот. „Она на Папата? Мисионерското? Со скандалите? Науката на катехизмот или социјалното ангажирање?“ Потребно е да се исчисти огледалото од прашина за рефлектираната слика да биде појасна и почитлива. Мислата е веќе проектирана за јубилејот во 2025 година, кога во Рим се очекуваат околу 30 милиони ходочасници. На нив сакаме да им ја покажеме автентичната слика на Црквата. „Сакаме да го тргнеме правот од огледалото и да го покажеме лицето на Црквата од исконот и потеклото, основана на Петар и неговото исповедање на верата во Исус Христос, Син на живиот Бог.

Слики, звуци и зборови

Првата станица на маршрутата е видеото „Seguimi. La vita di Pietro” („Следи ме. Животот на Петар), кое премиерно ќе биде прикажано на фасадата на базиликата Свети Петар на 2 октомври следната година во 21.00 часот. Ќе трае околу осум минути, а ќе се нуди од 2 до 16 октомври, од 21.00 до 23.00 часот, на секои 15 минути. Сцените се во прво лице од актерот Флавио Инсина, со титлови на други јазици, а ќе бидат прикажени важните моменти од животот на Петар: од повикот до следењето, од посланието до мачеништвото.

Петар, човечност и духовност

Фасадата на базиликата на тој начин станува еден од највпечатливите „екрани“ во светот. Иконографските репертоари ги вклучуваат оние од Fabbrica di San Pietro и Музеите на Ватикан со слики од големи уметници како Рафело, Перуџино и Гвидо Рени. Сторијата е структурирана преку технолошки алатки кои можат да ги подобрат и усогласат сликите, звуците и зборовите преплетувајќи го античкото со модерното, при што се користени новите технологии и безвременското наследство на уметноста зачувано во Ватикан. Целта е да се поттикнат ходочасниците и посетителите да научат за човечноста и духовноста на Апостолот, неговите пориви, падови, упорност, сомнежи, солзи, за да имаат можност да се препознаат во неговото животно искуство.

Маршрута на уметноста и верата

Маршрутата за уметност и вера на базиликата Свети Петар, предложена во синергија со Каптолот Свети Петар, парохијата Свети Петар и Фондацијата „Fratelli Tutti“, вклучува серија настани под заедничкото име „Lectio Petri“, кои ќе започнат на 25 октомври во базиликата со претседателот на Папскиот совет за култура кардиналот Џанфранко Раваси; духовни патувања околу местата на Петар во градот Рим организирани од декември во соработка со Викаријатот на градот Рим; Виа Петри со 12 постојки,со  побожности кои го опишуваат животот на апостолот; ќе се понудни на ходочасниците и посетителите секојдневна молитва на гробот на Петар, вклучувајќи и Светата Бројаница. „На овој начин сакаме да им дадеме поттик на луѓето, како ходочасници на гробот на Петар, да можат да го живеат искуството на верата, да се сретнат со Господ, да се препознаат себеси како сестри и браќа и да се вратат дома вистински обновени“, објасни кардиналот Гамбети.

Школата за уметност и занаетчиство повторно се раѓа

Меѓу најинтересните иницијативи е повторното раѓање на традицијата вкоренета во минатите векови: „scuola delle arti e dei mestieri“ („училиште за уметности и занаети“).

Генералниот секретар на Фондацијата „Fratelli Tutti“, отец Франческо Окета, објасни дека нивната мисија е „да негуваат братство и социјално пријателство“. „Школата ќе започне во јануари во соработка со ватиканското претпријатие Fabbrica di San Pietro: шест месеци ќе бидеме домаќини на дваесет млади луѓе кои од нашите работници во базиликата ќе учат за уметноста на мозаикот, копаничарство и столаријата.

Центар и периферии

„Надежта е дека секој може да го запознае убавото и блескавото лице на Исусовата Црква. Централното место на Римската црква е факт, но за да биде корисно и значајно, потребно е да биде поттикнато и поддржано од Црквите ширум светот.“ Неопходното единство на центарот и периферијата ќе биде јасно видливо, на пример, во јуни кога ќе се одржи „Фестивал на братството“ („Festival della Fraternità“), настан поврзан со различни плоштади низ светот каде се изразуваат различни уметнички изрази поврзани со различни народи и култури, рече на крајот кардиналот Гамбети

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот