Свештеникот е повикан да има срце кое е способно да се трогне.
Папата Фрањо во молитвената накана за јуни поттикнува на молитва за свештениците. Не се сите совршени, но мнозина од нив се залагаат за сѐ до крај, се посветуваат до крај, понудувајќи се себе си понизно и радосно – рече Светиот Отец во видео пораката која ја објави Папската светска молитвена мрежа. Тие се свештеници кои секогаш се блиску до луѓето – истакнува Папата, подготвени да работат напорно за секој. Да благодариме за нивниот пример и сведоштво. Да се молиме за свештениците со едноставноста и понизноста на својот живот, со делотворна солидарност да се ангажираат посебно за најсиромашните.
За време на својот понтификат папата Фрањо повеќе пати се фокусираше на ликот на презвитерот. На средбата со римските пароси на 6 март 2014 година ја посочува сликата за Добриот Пастир и нагласи дека свештеникот е човек на милосрдието и сочувство, блиску до своите луѓе и слуга на сите. Свештеникот е повикан да им срце кое е способно да се трогне.
По повод Јубилејот на свештениците на 3 јуни 2016 година, Папата напомена дека срцето на свештеникот е прободено од Господовата љубов, затоа не гледа повеќе на себе, не смее да гледа на себе, туку се свртува кон Бог и браќата. Во проповедта на светата Литургија за посвета на елеј на 29 март 2018 година, Светиот Отец потсети дека кон свештеникот кој оди меѓу своите луѓе со близината и нежноста на добриот пастир, Божјиот народ чувствува нешто посебно, што се чувствува само во Исусовото присуство.
Врз основа на последните податоци од Статистичкиот годишник на Католичката Црква во 2017 година во светот имало 414.582 свештеници. Свештенички кандидати повеќе од 115.000. Од во Европа има 14,9%, на американскиот континент 27,3%, во Азија 29,8% и во Африка 27,1%.
Ватикан њуз/к.мк