Папата: Нека Црквата биде пример, секогаш транспаретна на економското и финансиското подрачје

Папата: Нека Црквата биде пример, секогаш транспаретна на економското и финансиското подрачје

Втора година по ред папата Фрањо учествува на отворањето на судската година во судовите на државата град Ватикан.

Неодамна покренатата иницијатива како и оние кои треба да се преземаат со цел целосна транспаретност на институционалните активности на ватиканската држава, најмногу во економското и финансиското подрачје, треба секогаш да бидат вдахновени од основните начела на црковниот живот и истовремено треба да водат сметка за критериумите и за „добрата пракса“ на меѓународно ниво и да бидат примерни како што доликува на реалноста како што е Католичката Црква – истакна папата Фрањо во говорот по повод отворањето на судската година во судовите на државата градот Ватикан, кое заради неопходните епидемиолошки мерки се одржа во Салата на благословот. На свеченоста меѓу останатите беше присутен италијанскиот премиер Марио Драги.

Папата во говорот потсети на нормативните промени воведени во последните години. Тие ќе бидат делотворни во мера во која ќе бидат придружени со понатамошните реформи на подрачјето на казнената постапка , најмногу во спротивставувањето и сузбивањето на финансиските злосторства и зајакнувањето на другите активности насочени на полесна и брза меѓународна соработка меѓу ватиканските инстражни тела и телата на другите земји, како и иницијативите на Правосудната полиција на нашата држава – рече Папата. Затоа стана неодложно – додаде, да се утврдат и да се воведат по пат за тоа одредени одредби или меморандуми за разбирање, нови и делотворни облици на соработка, како што бараат надзорните институции на финансиските пазари кои се активни на меѓународно ниво.

Освен тоа, папата Фрањо поттикна патиштата на правдата да се придружени со молитва, сведочејќи конкретно и веродостојно во сопствените улоги и задачи за големото наследство на вредности кои го карактеризираат посланието на Црквата. Обраќајќи им се на оние кои се повикани да работат за праведноста, потсети дека во христијанската иконографија очите на Правдата не се врзани, туку се свртени кон горе и гледаат во Небото, затоа што вистинската праведност постои само во Небото.

Ве повикувам да размислите за фактот дека извршувајќи ја од ден на ден својата сокриена и трпелива работа, пружите скапоцен придонес за Црквата во оваа мала држава град Ватикан, да може да даде добар пример на она што го поучува во својата социјална наука. Ги поттикнувам сите кои се повикани да работат во целта на праведноста, да не се плашат од загубата на времето ако изобилно го посветуваат на молитвата. Во молитва, и само во не а- истакна Папата, од Бог, од Неговото Слово го црпиме внатрешниот мир кој ни дава своите должности да ги извршуваме великодушно, праведно и далекувидно. (…)

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот