Со света Литургија во недела на 30 јули 2023 година рано изутрина заврши 34. Младифест која ја служеше меѓугорскиот парох фра Ѕвонимир Павичиќ на ридот Крижевац во Меѓугорје.
Илјадници млади луѓе се искачуваа цела ноќ, некои веднаш по вечерната света Литургија отидоа на Крижевац и преноќија. На светата литургија пееше меѓународниот хор на млади, а по светата Литургија продолжија со песна во подножјето на крстот во Крижевац.
„Исус вели дека царството небесно е како богатство кое го наоѓа човек, како прекрасен бисер. И кога ќе го најде, продава сè за да го купи. Тоа значи дека ништо на овој свет не е повредно од царството небесно. Со оваа света Литургија го завршуваме Младифест. Нашата одлука по овој Младифест нека биде дека сакаме да живееме со Бога. Нашето срце секогаш нека копнее по Бога, нашите очи секогаш да бидат вперени кон небото, кон Царството Небесно. И нашата небесна Мајка, Царицата на мирот, нека ни помогне во остварувањето тоа царство“, истакна во својата проповед отец Ѕвонимир Павичиќ, а младите цело утро со песна и молитва слегуваа од Крижевац.
Во текот на изминатите пет дена, млади од целиот свет во Меѓугорје го славеа Бога со света Литургија, слушаа катехези и предавања, како и бројни моќни сведоштва, молеа на ридот на Објавата и Крижевац и пристапуваа на Светата Тајна Исповед.
Ика/к.мк