Папата ги посети собраќата во Рим

Папата ги посети собраќата во Рим

Папата Фрањо кој и самиот припаѓа на монашката заедница Друштво Исусово, во понеделник 31 јули 2017 година, празникот на основачот на оваа заедница, Игнатиј од Лојола (1491-1556) го прослави заедно со своите собраќа во Рим.

За ручек папата Фрањо се упати во Генералната курија на Друштвото Исусово, која се наоѓа на неколку стотини метри од Ватикан – соопштено е од Ватиканскиот прес центар.

На фотографија објавена на Твитер профилот на заменик директорката на ватиканскиот прес центар, Палома Гарсија Овахеро, може да се види папата Фрањо, како стои со Артуро Соса (68), поглавар на Друштвото Исусово, кој потекнува од Венецуела

Папата Фрањо во 1958 година пристапува во монашката заедница Друштво Исусово, кое е формирано од баскискиот благородник Игантиј од Лојола, а во 1540 година папата Павле III го одобри.

Една од карактеристиките на членовите на Друштвото Исусово е покорност кон Папата.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот