Во Италија започна кампањата за живот „Еден од нас”
Во првата седмица од Воскресение Христово во Италија започна кампањата за заштита на животот под мотото „Еден од нас”. За таа цел е формиран комитет, кој заедно со италијанските движење за живот и други движења за живот во следните шест месеци имаат за цел да соберат околу еден милион потписи со кои ќе „од европските институции ќе се побара да го признаат правото на живот на зачнатото, а сеуште неродено дете”. Се очекува во Италија да се соберат најмалку 500 илјади потписи, а до овој момент се собраните околу 60 илјади потписи. Основните цели на кампањата, на која се приклучија 27-те земји членки на ЕУ, е да се „разбуди свеста кај луѓето за спасување на човечкиот живот и го посочува патот со кој Европа може да ја отвори својата душа”.
Кампањата го поддржува барањето упатено до Европската Комисија за „проширување на правната заштита на достоинството, правото на живот и интегритетот на секое човечко суштество уште од моментот на неговото зачнување, и тоа во сите институции кои се под надлежност на ЕУ.”
Во Пастирска писмо на генералниот секретар на Епископската конференција на Италија, монс. Маријано Кроче се нагласува дека цел на иницијативата е „ да се побара од ЕУ прекин на финансирањето на активностите кои го охрабруваат абортусот во светот и истражувањето над човечките ембриони”. Досега на европско ниво се собрани околу 180 илјади потписи, од кои 130 илјади од нив се собрани преку интернет. Податоците за текот на кампањата беа објавени за време на првото собрание на националните координатори на иницијативата, која се одржа во изминатите денови во седиштето на Европскиот парламент.