Во Виетнам е убиен свештеник

Во Виетнам е убиен свештеник

Доминиканскиот свештеник о. Џозеф Тран Нгок Тан (40) е убиен во сабота 29 јануари 2022 година, во виетнамскиот град Дак Мот, додека исповедал, објави Редот на проповедниците на Твитер на 30 јануари.

Отец Џозеф во исповедалницата бил нападнат со нож од човек под дејство на дрога, а деталите за злосторството сѐ уште не се познати, соопшти провинцијата, додавајќи дека тоа е „најтешка смрт на некој свештеник по војната“. Ранет е и неговиот собрат додека се обидувал да го спречи напаѓачот. На отец Џозеф му била укажана прва помош, но истата вечер починал во болница. Напаѓачот е уапсен.

Отец Џозеф е роден на 10 август 1981 година во Сајгон (Сити Хо Ши Мин), за свештеник е ракоположен во 2018 година и бил на служба во планинскиот град Дак Мот, бискупија Контум, „служејќи ѝ на заедницата, грижејќи се за стадото, кое му било доверено“, се вели во соопштението.

Погребниот обред за о. Џозеф се одржа во понеделник 31 јануари во манастирската црква Свети Мартин во градот Биен Хоа, Донг Наи, на околу 30 километри источно од Сајгон. Свештениците и браќата, како и верниците за кои се грижеше повикаа на молитва за убиениот Доминиканец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот