На крајот од молитва „Царице небесна“, Папата потсети дека започнува „Неделата на Лаудато си’“, која оваа година се одржува под мотото „Од надеж до акција“. Тој нагласи дека во оваа јубилејна година, кога се одбележуваат 800 години од смртта на свети Фрањо Асишки, важно е да се потсетиме на неговата порака за мир со Бога, со нашите браќа и сестри и со сите созданија.
Мора да се грижиме за создадениот свет и за планетата, бидејќи таквата грижа носи хармонија. На ова повика папата Лав XIV во недела 17 мај 2026 година, на крајот од молитвата „Царице небесна“, потсетувајќи дека започнува „Неделата на Лаудато си’“.
Оваа година таа се одржува под мотото „Од надеж до акција“, кое ги охрабрува верниците и заедниците да преминат од зборови кон конкретни дела за заштита на животната средина.
Во оваа јубилејна година, кога се одбележуваат 800 години од смртта на свети Фрањо Асишки, Светиот Отец потсети на неговата порака за мир со Бога, со нашите браќа и сестри и со сите созданија. Притоа, тој истакна:
„За жал, во последниве години, поради војните, напредокот во таа област значително се забави. Затоа ги охрабрувам членовите на движењето ‘Лаудато си’ и сите што работат за интегрална екологија да ја обноват својата посветеност.“
Вдахновена од енцикликата Laudato si’ на папата Фрањо, истоимената недела беше воспоставена пред шест години, по повод петгодишнината од документот посветен на грижата за нашиот заеднички дом. Се одржува секоја година во мај, на пет континенти, каде што се организираат различни иницијативи за подигање на свеста за заштитата на Земјата.
Римскиот епископ го охрабри целото човештво со зборовите:
„Грижата за мирот е грижа за животот!“
Овогодинешната „Недела на Лаудато си’“, промовирана од Дикастеријата за промоција на интегрален човечки развој, има цел да нè потсети дека еколошкото преобраќање расте чекор по чекор, преку обновување на односите, заштита на создадениот свет и зајакнување на заедниците.
Ватикан њуз/к.мк

