Во Ватикан прославен празникот на света Агнеза
На 21 јануари на Светиот Отец му се покажани двете бели јагниња, кои беа благословени утрово во римската базилика Света Агнеза, од чија волна ќе бидат направени палиумите за новите архиепископи на митрополиите. Тој традиционален настан – кој секоја година се одржува на 21 јануари по повод празникот на света Агнеза, девица и маченичка денеска е одржан во домот Света Марта во Ватикан.
Палиумите се дел од литургиската облека на папите и митрополитите од латинскиот обред. Палиумот е тесна врвка направена од бела волна на која со црна, црвена или виолетова свила се извезени шест крста. Палиумот наменет за архиепископите митрополити е со шест црни крстови извезени од свила. Обредот предавање на палиумите на архиепископите митрополити ќе се одржи на 29 јуни за време на светата Литургија на празникот на светите Петар и Павле.
РВ/го*ко