Во Ватикан започна XVI заседанието на Кардиналскиот совет

Во понеделник 12 септември 2016 година во Ватикан започна XVI заседание на Кардиналскиот совет, а ќе трае до среда 14 септември. Папата Фрањо ќе биде присутен на сите средби, освен во среда наутро поради Генералната аудеинција.

Кардиналскиот совет е формиран од папата Фрањо и претставува инструмент за реформи во Римската Курија. Се состои од девет кардинали од сите континенти. Резултат на досегашната работа на Кардиналскиот совет се двете нови институции: Дикастерија за семејство, лаици и живот, која од 1 септември ја започна својата работа и Дикастеријата за целосен човечки развој, која ќе започне со работа од 1 јануари следната година. Исто така папата Фрањо, а по предлог на Кардиналскиот совет, го формира Секретаријатот за економија и Секретаријатот за комуникација.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот