Во Ватикан е претставен документот „На патот до грижата за заедничкиот дом“

Во Ватикан е претставен документот „На патот до грижата за заедничкиот дом“

Во Канцеларијата за печат на Светиот Престол на 18 јуни 2020 година е одржана промоција на документот „На патот до грижата за заедничкиот дом“, кој по повод пет годишнината од енцикликата „Лаудато Си“ го состави Меѓудикастериската работна група на Светиот Престол за целосна екологија.

Текстот е резултат на заедничката работа на ватиканските дикастерии и епископските конференции на голем број земји, а на претставувањето беа шест говорници вклучувајќи го надбискупот Пол Ричард Галагер секретар за односи со државите.

Надбискупот Галагер истакна дека новиот документ не е копија на енцикликата „Лаудато Си“, туку со него сака повторно да се сврти вниманието на богатството содржано во енцикликата, чија актуелност се покажува и во светло на кризата предизвикана од коронавирусот, која поттикнува на донесување итни одлуки. Освен тоа целта на спомнатиот документ е да даде ориентација во читањето на енцикликата за грижата за заедничкиот дом и намалувањето на ризикот од недоразбирања и да поттикне на соработка на дикастериите на Римската курија и католичките институции.

Надбискупот исто така најави дека Светиот Престол ќе се придружи на Договорот за измена на Протоколот од Монтреал за супстанциите кои го оштетуваат озонскиот слој, усвоен во Кигали на 15 октомври 2016 година. Станува збор за предизвик кој повикува на дијалог за општото добро за да се подобри мултилатералната соработка која е неопходна, но моментално е недоволна за да може да се даде адекватен одговор на предизвикот кој е пред нас.

Епископот Фернандо Вергез Алзага генерален секретар на Управата на државата град Ватикан, говореше пак за бројните мерки кои ги преземале во Ватикан со цел примена на начелата од енцикликата „Лаудато Си“, посебно со оглед на енергетската одржливост. На пример на кровот на салата Павле VI поставиле фотоволтаични панели, а на плоштадот Свети Петар поставено е ново осветлување со заштеда на енергијата до 80%. Освен тоа во Ватиканските градини прекината е употребата на пестициди и поставен е нов систем за новоднување со кој е овозможена заштеда на вода. Во тек е и преминот на употреба на електрични и хибридни службени возила. Преуредувањето на Центарот за собирање на отпад овозможи напредок во сортирањето на посебен неопасен и опасен отпад при што се успева да се сортира 99% од отпадот. Многу други проекти се во тек.

Алојсиус Џон генерален секретар на Меѓународниот Каритас истакна дека организациите на Каритас пружат хуманитарна помош во склоп на одговор на кризата предизвикана од пандемијата, во која најмногу страдаат сиромашните. Станува збор за систематска криза и ова е време на избори – предупреди Џон и повика на соочување со нејзиниот причинител во корен. Кажа исто така дека „Лаудато Си“ ни дава индикации за тоа дека Каритас сака да даде глас на локалните заедници кои молат да се преземаат конкретни потези, посебно во поглед на прехранбената сигурност и пристапот до вода. Малите системи за храна со кои се чува животната средина се само една од можностите.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот