Маршот за живот во Аргентина во различни облици редовно се одржува од 1998 година кога Аргентина прогласи 25 март да се одбележува како Ден на нероденото дете.
Речиси два милиони луѓе во саботата на 23 март 2019 година чекореа во Маршот за живот кој се одржа во главниот град на Аргентина Буенос Аирес. Овој настан претставува мирољубиво собирање на граѓаните кои се борат за почитувањето и заштитата на вредностите на човечкиот живот од зачнувањето до природната смрт.
Иако на собирот кој се одржа на 200 локации во земјата учествуваат католички епископи, протестански пастори и еврејски и исламски водачи тие не беа вклучени во организацијата на настанот. Маршот за живот немаше никаков политички предзнак. Единствената политичка порака која можеше да се слушне од сцената беше предупредувањето до аргентинските политичари дека тие кои изглегле на улиците нема да гласат за политичарите кои се противат на pro-life законите.
Најмногу учесници, повеќе од 300 илјади се собраа во Буенос Аирес. Снимките од воздух покажуваат дека во еден момент колоната била долга 1,5 километри. Иако поворката била планирана и најавена, граѓанските и државните власти не обезбедиле никакво обебзедување. Каролина Браун една од организаторките на саботниот собир изјави дека Маршот за живот го карактеризира опиплив дух на радост, но и собирањето на семејствата и големото присуство на млади луѓе.
Браун додава дека една од главните цели на овој собир бил информирање на аргентинската јавност за pro-life целите. Имено заради тоа што иницијативата има мала поддршка во медиумите и голем број жители немаат пристап до социјалните мрежи значаен дел од Аргентинците не е запознат со нивните цели. „Аргентина во културна смисла е pro-life земја. Многу луѓе на улица ни се обраќаат и се распитуваат за нашите сини марами кои го претставуваат движењето за живот. Кога ќе им го објасниме нивното значање тогаш бараат марама за себе,“ вели Браун.
Сликите од различните колони во целата земја ги покажуваат граѓаните кои во рацете држат транспаренти со pro-life пораки: „Спасете ги двајцата“, „pro-life генерација“ или „Ако си за абортус, нема да гласам за тебе.“
Маршот за живот во Аргентина во различни облици редовно се одржува од 1998 година кога Аргентина прогласи 25 март да се одбележува како Ден на нероденото дете. Меѓутоа значањето и бројноста на собирот експоненцијално порасна во последните две години по големиот политички напор околу легализацијата на абортусот во Аргентина.
Денес абортусот во Аргентина е нелегален, но поединечни покраини усвоиле протокол кој дозволува абортус во случај на силување или кога е загрозен животот на мајката.
Уште еден од организаторите на собирот Алехандро Гејер вели дека Маршот за живот носи три основни пораки. „Секој има право на живот. Секое семејство има право да ги образува своите деца без родовата идеологија. Мора да работиме на подигнувањето на свеста за во текот на ова изборна година да ја дефинираме иднината на земјата, на нашите семејства, но и на милион неродени деца“; објаснува.
Битно.нет/к.мк