Вознесение на Блажена Девица Марија
Успението на Пресвета Богородица на 15 август е празник на Вознесението на Блажена Девица Марија или Голема Богородица која со посебна милост од семоќниот Бог, го нема почувствувано распаѓањето на смртта, туку нејзиното тело, прославено од Пресветата Троица, соединето со душата е воздигнато на небо, од каде царува во слава, заедно со Исус, за да го слави Бога и да нè застапува. Последните години на земјата, останаа обвиени со толку густа магла поради која скоро не било можно да се види со поглед, а уште помалку да се пројде до нив. Писмото молчи, а Традицијата ни дава само далеки и несигурни оддеци.
Нејзиното постоење поминува во работа и молчење: како сокриен извор што им дава арома на цветовите и свежина на овошјето. Hortus conclusus, fons signatus (Ct,4,12), ја нарекува Литургија на словото во Светото Писмо: затворена градина, опечатен извор. Ја одржувала водата на живите, поток што се спушта од Либанон (Ibid., 15)Како кога заедно со Исус поминала незабележана, бдеејќи за Црквата во нејзините почетоци. Јасно е дека, без секаков сомнеж, Марија живеела со свети Иван, бидејќи му била доверена на неговата синовска грижа. Во годините што следеле по Педесетница претежно живеела во Ерусалим. Таму постојано била во близина на свети Петар.
Во времето на патувањето на свети Павле, во пресрет на Ерусалимскиот Собор околу 50 година, саканиот ученик е меѓу столбовите на Црквата (Гал 2, 9). Ако Марија е сеуште со него, морала да има веќе 70 години, како вели преданието: во времето за кое Светото Писмо смета дека е зрелост на човечкиот живот (Псалам 89, 10). Но местото на Марија е место на Небото, каде нејзиниот Син ја очекувал. Еден ден кој за нас е непознат, Исус ја поведува Марија во небеската слава. Кога во 1950 папата Пио XII ја прогласува догмата за Вознесението на Марија, немал за намера да објасни дали Девицата умрела и воскреснала веднаш или отишла директно во небото и не умрела.
Моментално, исто како и во првите векови на Црквата, најголемиот број на теолози мисли дека Марија умрела, но еднакво како и Христос, нејзината смрт не била резултат на гревот, таа била безгрешна! И така во сè се поистоветувала со Исус. Од шестиот век на Истокот се слави празникот Успение на Пресвета Богородица., премин што е посличен на сон отколку на смрт. Ја оставила земјата, како што тврдат светците, пренесена со љубов. Апостолите, освен Јаков Постариот кој веќе бил маченик и Тома, кој се наоѓал во Индија, се собрале во Ерусалим за да бидат со неа во последните моменти. И, така, едно ведро попладне ѝ се затвориле очите и нејзиното тело го положиле во гроб.
Отците и авторите на Светото Писмо, пред сè од 4 и 5 век упатувале на детали од Успението и Вознесението на Богородица утемелени на преданието што настанало во 2 век. Според тоа предание, кога Марија била близу до напуштање на овој свет, сите апостоли, освен Јаков Постариот кој веќе бил маченик и Тома, кој се наоѓал во Индија, се собрале во Ерусалим за да бидат во последните моменти со неа.
Тоа што е сосема сигурно е дека Дева Марија, со посебна милост на Семоќниот Бог, го нема почувствувано гнилежот на смртта, туку нејзиното тело, прославено од Пресветата Троица, соединето со душата е воздигнато на небото, од каде царува во слава, заедно со Исус, за да го слави Бога и да нè заговара.
Тоа во догмата го наведува папата Пио XII. и покрај молчењето на Писмата, едно поглавие од Откровението наведува … тој славен Божји крај. И голем знак се покажа на небото: жена, облечена во сонце; под нозете нејзини беше месечината, а на главата нејзина – венец од дванаесет ѕвезди. (Откровение 12, 1).
Црковното научителство гледа во таа сцена не само опис на последниот триумф на Црквата, туку и опис на победа на Марија над смртта. Изгледа дека ученикот што се грижел за Марија додека била не отишла на Небото, сакал да ја остави постојано присутна, на самоскриен и молчелив начин, тој факт, а христијанскиот народ, тоа, под вдахновение на Светиот Дух, го призна и го честува уште од првите векови. И ние во Литургијата на бдеењето во пресрет на празникот, ја повикуваме нашата Богородица: „gloriosa dicta sunt de te, Maria, quæ hodie exaltata es super choros angelorum“ (Благословена си ти Маријо, бидејќи денес си вознесена над сите зборови на ангелите заедно со Христос и постигна вечна победа.
Опус Деи/ Ј.А. Лоарте
Превод: В.Н.