Влегување на Исус во Ерусалим – Цветници

Осана!

Во времето на Исусовото доаѓа во Ерусалим целиот народ го чекал Месијата – политички ослободител, моќен господар. Некој кој ќе се избори за правда и за победа на вистината, некој кој ќе го укине крстот, тешкотиите и напорите. Нели го сакаме сите тоа? Всушност не било важно кој ќе биде ослободителот, било важно да се појави – да се бори за правата и доброто на народот. Затоа за време на Исусовото влегување во Ерусалим во духот на пророштвото на Захарија (9,9) целиот народ воскликнувал за својот цар: Осана што изворно значи: спаси нè!

Очекувања

Нели копнееме и ние често за некој свој ослободител? Нели воскликнуваме кон Бог да нè спаси, токму како мноштвото што тој ден стоело на улиците на Ерусалим? Но, она што останало некажано, но ќе го каже осудата на Месијата треба да се бори за вистината (за народот) и така тоа народот го замислил – во тој случај би било од исклучителна корист да е Син Божји. Дали нашите очекувања често не се затворена врата за Христос? Дали нашите очекувања не се често барања и наредби сè да биде онака како што ние сакаме, гледаме и мислиме? И не е важно кој влегол во нашиот живот важно е да се бори за нашите права, нашите жеби и благосостојба. Нашите очекувања мора да бидат исполнети и по цена на отстрнувањето од Божјиот пат, нашите очекувања станале критериуми, граници, закони, вистина и правда.

Реалноста која Исус ја донесува

И Исус го знае пророштвото што го изрекол Захарија (9.9) и влегува во Ерсалим понизен на осле, одлучен во остварувањето на Божјото царство. Тој не отстапува од патот на служењето, од Божјата праведност и милосрдие. Исус, Божји човек се бори за вистинските вредности, за Божјата проценка и праведност која често е далеку од нашите патишта, од нашите барања и желби. Дали не сме ние тие кои често сакаме Бог да ја уреди реалноста како што ние сакаме? Да ги претвори нашите животни сопатници во служители за остварување на нашите цели, во оние кои ќе ги остваруваат нашите желби и ќе го перцепираат светот со нашите очи. Нели бараме често Бог вистината да ја прилагоди на нашата проценка, да ја подели правдата според нашите критериуми? Не сме ли ние тие кои ја отфрламе секоја реалноста која не е според нашите мерила? Можеме ли да ја  прифатиме реалноста обликувана според Исусовото присуство?

Вината

Од секое евангелско известување за маката Господова сосема е јасно дека: Исус не го осудил еден човек, го осудил целиот народ. Исус е осуден од мнозинството. Колку е лесно мислењето на мнозинството да се стави на местото на Божјата волја, на местото на праведноста и правдата. Колку е лесно под крилото на силата да се прави неправда, да се искривува вистината и да се осуди праведник. Често е доволно само гласно да се вика! Не сме ли ние често припадници на групи кои ги поддржуваат и одржуваат нашите интереси кои гласно викаат? Не сме ли и ние тие кои сме подготвени да ги сокриеме грешките, да ја намалиме вината во име на сопствената благосостојба?

Божјата љубов

И оваа Страсна седмица нè повикува да си одговориме на чија страна сме? Дали сме го отвориле своето срце за Бог и му дозволуваме да се користи со нас како свое орудије во градењето на Царството или соработуваме со Варава? За чија вистина се бориме? Чија волја исполнуваме, Божјата или својата? Што е за нас дрвото на крстот – средство за спасение или дрво на страв кое треба да се отфрли или на некој друг да се натовари? Кој сме ние. Дадена ни е слобода да одлучиме?

с.Ивана Павла Новина, OP/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

За авторот