[Видео] Драги мама и тато, знам дека страдате… и јас страдам

 Видео кое на директен и трогателен начин прикажува дека децата со сигурност ги чувствуваат последиците од разводот

„Моето чувство на сигурност исчезна…“ пишува едно дете на почетокот од своето трогателно писмо чии родители се разведуваат, а кој на ваков начин сакал да ги потсети дека она што се случува меѓу нив влијае и на неговата иднина. Видеото кое до сега го имаат видено повеќе од милион луѓе, е објавено на страницата „The Child of Divorce“ (Дете на разводот), каде што децата чии родители се разведени, ги споделуваат своите искуства за растењето во растурените семејства.

„Драга мамо и тато, знам дека страдате. И јас страдам. Чувствувам како да се хранам со вашата напнатост, страв и шок. Иако сум млад и усно не можам да го опишам сето она што се случува во нашите животи, сепак го чувствувам влијанието на тешката ситуација во нашиот дом. Срцето ми се крши секој пат кога ќе помислам дека мора да се откжам од едниот родител. Моето чувство на сигурност исчезна.

Ве молам не претпоставувајте дека сум отпорен. Не претпоставувајте дека мојот живот ќе биде ист како и претходно и дека ќе продожлам подеднакво да ве сакам. Јас сум човечко суштество, исто како вас. Потребни ми се љубов, внимание, грижа, стабилност, конзистентност, наклонетост, разбирање, трпение и пред сѐ да бидам сакам.

Кога се расправате пред мене и кога ме ставате во центарот на вашите расправии, ми испраќате порака дека победата на расправијата е поважна од мојот живот. Се учам од вас дека подобро е да се биде во право, отколку да се биде сакан. Ме учите дека ме створило лице кое е невозможно да се сака и која е погрешна и дека и јас на некој начин сум погрешен.

Кога ја гледам вашата болка, моето срце се исполнува со болка на возрасните луѓе и вие го крадете моето детство. Ми го одземате верувањето дека љубовта е безусловна, и ми испраќате порака дека треба да бидам тврд и никого да не сакам со цел никогаш да не бидам повреден.

Можеби вие ова денес не го разбирате, а јас сум толку мал за да и не размислувате за мојата иднина, но заради вас имам поголеми шанси и јас да се разведам… мојата сигурност е ваша одговорност. Без вас и вашата заштита, нема кој да ме брани од светот.

Еден ден овој првичен шок ќе избледе. Но тоа какви родители сте биле за време на оваа криза никогаш нема да избледи. Или ќе ја почувствувам вашата смисла за несебичност, подршка и заштита или ќе ја имам лузната на срцето со порака на која пишува: „Добрите работи се случуваат на добрите луѓе. Значи јас сум лош.“

Битно.нет/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Размислување, Свет

За авторот