Ватикан: Религиите со заедничка изјава против модерното ропство

„Секое човечко битие е слика Божја, а Бог е љубов и слобода“, рече папата Фрањо на 2 декември 2014 година обраќајки се во Ватикан на водачите на разни религии, собрани по повод потпишувањето на заедничката изјава за искоренување на секој облик на ропство. Меѓу присутните беше и Екуменскиот патријарх Вартоломеј I, архиепископот од Канетербери, Џастин Вебли, рабините Абрахам Скорка и Давид Росен и многу други.

„Десетици милиони лица, мажи, жени, девојки и момчиња денес се подоложени на нехуманост и понижувања: физичка, економска, полова и психолошка злоупотреба“, рече во својот говор Папата. „Секое човечко битие е слика Божја. Бог е љубов и слобода“, затоа секое човечко битие е слободна личност, одредена да постои за доброто на другиот, во еднаквост и братство,“, рече Папата поттикнувајќи ги верските водачи на заедничка борба за оние кои се најслаби. „Модерното ропство е ’злосторство против човештвото’, чиј жртви најчесто се најсиромашните и најранливите меѓу браќата и сестрите“ – предупреди Светиот Отец. „Проституцијата, трговијата со луѓе, присилната работа, трговијата со органи, дрогата, искористување на децата за работна сила, на тие начини се покажува денес „страшното чудовиште“ на ропство во светот. Таа ситуација секојденвно се влошува и пред тоа не може само да се стои и да се гледа.“

„Ги повикуваме на делување сите лица со вера, водачи, влади, претприемачи, сите мажи и жени со добра волја, да ја дадат својата силна подршка и допринос за движењето против модерното ропство, во сите негови облици“. Таа изјава сите нас нѐ обврзува – заврши Светиот Отец, нагласувајќи: „Сите сме израз на Божјата слика и не смееме да дозволиме сликата на живиот Бог да биде изложена на (такви) најодвратни постапки!“

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот